Поранешниот долгогодишен комесар на НБА лигата Дејвид Штерн починал во 77 година од животот!
Во соопштението од НБА лигата, стои дека Штерн до последните мигови од животот бил опкружен со членовите од семејството. Тој на 17 декември имал излив на крв во мозокот и бил итно опериран.
Дејвид Штерн инаку цели 30 години работеше како комесар на НБА лигата и беше еден од најзаслужните за растот на популарноста на најсилното кошаркарско првенство низ целиот свет.
Штерн на функцијата комесар на НБА стапил на 1 февруари 1984 година, а фукцијата ја напушти во 2014 година, кога замина во пензија.