Познат крајниот рок до кога граѓаните ќе треба да ги сменат документите поради Северна

0

Постои рок во кој ќе треба да ги смениме личните документи поради новото име на земјата, која со уставните измени е преименувана во Република Северна Македонија.

За пет години или најдоцна до 2024 година личните документи на граѓаните ќе го носат новото име.

Новите лични карти и пасоши ќе треба да си ги платат граѓаните. Истото се однесува и за новите ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван договорот за името во Парламентот во Грција.

Со амандманот на БЕСА освен државјанството кое ќе биде македонско ќе стои и етничката припадност на граѓаните од малцинските заедници.

Одлуките за уставните измени и за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот, се веќе објавени во Службен весник.

Ова значи дека тие веќе стапуваат на сила.

Се уште не се знае како ќе бидат сменети личните документи на граѓаните кои нема да истечат во дадениот рок, иако тоа нема да биде на нивен товар, барем според досегашните најави од страна на Владата. Во секој случај до 2024 година, граѓаните ќе треба да имаат лична карта или пасош под новото државно име.

Најтешкиот дел беше усвојувањето на уставните измени, но се очекуваат и потешкотии во спроведување на договореното во зависност од политичката состојба во земјата, вели политичкиот аналитичар Џељал Незири. Според него, со отворањето на перспективите за Македонија и членството во НАТО би се создале подобар терен за договорот за името без пречки да биде имплементиран.

„Во спротивно ако овој НАТО ефект не се случи или ако процесот на интеграција кон ЕУ не ги даде очекуваните резултати мислам дека спроведувањето ќе биде тежок процес“, смета Незири.

Кои беа првичните амандмани на владата, а што дополнително се прифати на крај?

Владата првично најави четири уставни амандмани кои дирекно произлегуваа од Договорот од Преспа. Но, по месеци дебати, политички маневри и со цел обезбедување на потребното дво третинско мнозинство тие претрпеа измени.

Најпрвин беше прифатено барањето на ДУИ, Охридскиот рамковен договор да се вметне во Преамбулата на Уставот. Пратениците го усвоија и амандманот на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ со кој уставните амандмани не важат доколку Грција не ја исполни својата обврска од Договорот за името.

Најтешко беше во последната фаза на усвојувањето на уставните измени кога по неколку дневни преговори премиерот Зоран Заев постигна договор со партијата Беса на Биљал Касами, која ги имаше клучните два пратеника за за заокружување на процесот.

Претходна статијаВременска прогноза за наредните денови – Не очекуваат нови врнежи од снег
Следна статијаСнег вее вечерва во Македонија – овие патни правци се затворени за сообраќај