Временска прогноза за наредните денови – Не очекуваат нови врнежи од снег

Под влијание на нов влажен бран имаме врнежи од снег иако накратко понекаде на пониските места има услови за врнежи од дожд и од снег, во вечерните и ноќните часови кон вторник како и во вторник ќе дува засилен северен ветер, анализира Славчо Поповски.

Овие врнежи ќе условат ново зголемување на веќе постоечката снежна покривка.

Loading...

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени.

Поради облачноста ќе имаме малку повисоки утрински температури, повторно многу ниски температури наутро ќе имаме од вторник.

Поради ниските температури на пешаците им препорачуваме да бидат крајно претпазливи каде и како се движат, крајна претпазливот им препорачуваме и на возачите и тоа особено доколку минуваат низ планинските превои.

Ќе дува слаб до умерен западен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус десет до минус три, а дневната од минус три до четири степени.

Во вторник ќе биде сончево со умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег.

В среда и четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за магла по одделни котлини. Дневната температура од четврток осетно ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.