Што е сега маженце, па ти самиот рече дека не си за мене, дека е подобро да бидам со друг

Што би сакал сега, мој (поранешен) најсакан? Од каде тој неспокој во гласот, тоа тресење на брадата? Што е тоа што сега ти игра во окото? Од каде тие зборови, тие погледи и неми молитви?

Зарем за тебе не ги напишав сите тие рими и сите оние писма полни со копнеж? Зарем сите овие години ти не беше мојот крал? Зарем не рече дека ти повеќе не си тој за мене, дека е подобро некој друг да ме земе?

Зарем не зборуваше дека одамно требало да ми пројде она што тогаш не проаѓало, дека животот оди понатаму и дека треба да престанам да играм во место? Зарем не ми кажа дека неа ја сакаш како што некогаш мене ме сакаше и дека повеќе не сум ти најсакана?

Па од каде сето ова, мој бивш најсакан? Зарем сега сум поубава жена, подобра мајка, љубовница со повеќе страст? Одеднаш да не се претворив во убавица со предолги нозе? Како сега по сите овие години одеднаш сум помила и подрага?

Зарем сега од моите усни тече мед? Сега косата ми е подолга, кожата помека, усните ми се како јагоди, очите како ѕвезди… и утре триста чуда кои одеднаш почнаа да ти паѓаат на памет?

Како некогаш за тебе, како некогаш на тебе, како некогаш поради тебе… Како тоа сега одеднаш ниту една не умее да те сака како јас? Сега, кога сум туѓа и повторно сакам? Сега, кога некој друг јасно ја гледа сета магија во мене?

Ех, бивш драги мој, нема да ти кажувам приказни од типот: „Си имал, па си немал“, ниту пак за карма, ниту за тоа како ова веќе не се однесува на тебе. Ќе ти го кажав ова, па и нека те заболи – бев сето ова и кога престанав да ти бидам мила и драга.

Loading...