Светски познатата манекенка Медлин Стјуарт го менува светот на модата. Кога се родила , докторот на мајка и и рекол да ја остави , а таа е успешна и славна. 21 годишната светски позната манекенка , единствена со Даунов синдром зад себе има над 60 модни ревии , а пред себе големи планови. Заврши две кампањи со Алдо и со Дизел , а наредната година планира да го пропатува светот и да ја пренесе пораката дека за упорните нема пречки.
Се започна пред три години , кога мајка и ја однесе на модна ревија во Брисбејн и тогаш сватила дека нејзината ќерка има сон , различен од оној да работи во кафуле. Тогаш Медлин почнала здраво да се храни , да вежба и да внимава на изгледот пред мајка и да ја однесе на првата фото сесија.
Своите фотографии ги објавила и на фејсбук , по што почнале да стигнуваат покани од сите страни. По само еден месец учествувала на модната недела во Њујорк , а потоа и во Париз Лондон Дубаи , Кина.
Мадлин вели дека ништо немало да постигне без упорноста на мајка и . Таа ја родила на 26 годишна вораст и веднаш по породувањето докторот и рекол дека бебето има Даунов синдром , да ја остави во болницата и да продолжи со животот.
Розан го послушала докторот , но делумно . По три дена плачење , го земала бебето , го напуштила сопругот и целосно и се посветила на својата ќерка. Денеска Мадлен веќе се избори да ја третираат исто како и другите манекенки.
,,Мајка ми ме научи дека добрината е убава , и дека ако сум добра , тогаш сум најубава девојка на светот” , вели Мадлен во интервју за Вог.