Иван: Бог ме оставил без родители, но ми дал многу

Ма­ла пи­це­ри­ја со го­ле­ма при­каз­на… Тоа е пи­це­ри­ја­та „Ма­ли Џо­ки­ца“ во цен­та­рот на Скоп­је. За Иван Усов­ски доз­нав со­се­ма слу­чај­но до­де­ка го пра­вев ин­терв­ју­то со Ди­а­дра Бојд, ко­ор­ди­на­тор­ка­та на аген­ци­и­те на ООН и пр­ва прет­став­нич­ка на УНДП во Ма­ке­до­ни­ја. На ма­са­та сто­е­ше бро­шу­ра на чи­ја нас­лов­на стра­ни­ца има­ше не­кол­ку фо­то­гра­фии од лу­ѓе на кои УНДП им по­мог­нал да поч­нат свој биз­нис. Ме­ѓу фо­то­гра­фи­и­те бе­ше и таа на Иван.

По­зи­тив­ни­от лик, нас­ме­вка­та или, мо­же­би, са­ма­та раз­и­гра­ност на фо­то­гра­фи­ја­та… не знам ни са­ма зо­што не­го­ва­та фо­то­гра­фи­ја ми прив­ле­че нај­го­ле­мо вни­ма­ние. Ја пра­шав Бојд, ко­ја тој ден си за­ми­на од Ма­ке­до­ни­ја, кое е тоа мом­че. Се нас­меа и ре­че де­ка тој е еден од лич­но­сти­те во Ма­ке­до­ни­ја што дол­го ќе ги па­ме­ти. Таа ми ка­жа де­ка Иван по­рас­нал во До­мот за де­ца без ро­ди­те­ли и де­ка му по­мог­на­ле да отво­ри сво­ја пи­це­ри­ја.

Loading...

Не­кол­ку не­де­ли по­доц­на ста­пив во кон­такт со три­е­сет и пе­тго­диш­ни­от Иван. Се нај­дов­ме во не­го­во­то царс­тво, во пи­це­ри­ја­та сме­сте­на во бли­зи­на на гим­на­зи­ја­та „Ра­де Јов­чев­ски-Кор­ча­гин“. Но, пи­це­ри­ја­та не е при­чи­на­та по­ра­ди ко­ја са­кав­ме да го за­поз­на­е­ме Иван.

Не­го­ва­та жи­вот­на при­каз­на, не­го­ва­та ус­пеш­на жи­вот­на при­каз­на зас­лу­жу­ва про­стор и вни­ма­ние. Тој не са­ка мно­гу да збо­ру­ва за би­о­ло­шки­те ро­ди­те­ли и за тоа што се слу­чу­ва­ло со нив. Ве­ли де­ка ко­га ќе со­бе­ре до­вол­но хра­брост да проз­бо­ри за тоа, мо­же да на­пра­ви­ме уште еден раз­го­вор. Пи­са­те­лот Ми­шко По­пов му ре­кол де­ка во не­го­ви­от жи­вот има ма­те­ри­јал за до­бра кни­га.

Од она мал­ку што ус­пе­ав да го доз­нав од не­го, ро­ди­те­ли­те на не­го­ва­та мај­ка се отка­жа­ле од неа ко­га оста­на­ла бре­ме­на со Иван. Го ро­ди­ла ка­ко са­мо­хра­на мај­ка. Ја пра­ша­ле во бол­ни­ца ка­ко ќе се ви­ка де­те­то. Не­кој вик­нал Иван и та­ка го до­бил име­то, а на тоа тој гле­да ка­ко на бож­ји глас. Иа­ко се­меј­но­то пре­зи­ме му е Усо­виќ, ко­ле­кти­вот во бол­ни­ца­та од­лу­чил да би­де Усов­ски. Де­нес тој е единс­тве­ни­от Ма­ке­до­нец со та­кво пре­зи­ме.

– До се­дум­го­диш­на во­зраст жи­ве­ев во дом-се­мејс­тво. Та­му ги на­у­чив хи­ги­ен­ски­те на­ви­ки. Ме чу­ва­ше ед­на мно­гу фи­на же­на, Сло­бо­дан­ка. По­тоа бев во До­мот „11 Октом­ври“, ка­де што и вос­пи­ту­вач­ка­та Ни­ки ме на­у­чи мно­гу ра­бо­ти. На 17-го­диш­на во­зраст поч­нав да го учам за­на­е­тот. А, од До­мот из­ле­гов ко­га имав осум­на­е­сет го­ди­ни и шест ме­се­ци. За­на­ет во дом не ти да­ва­ат. Мо­ја­та при­каз­на со пи­ца­та поч­на во „Дал-Мет-Фу“ , бла­го­да­ре­ние на по­ра­неш­ни­от ми­ни­стер Але­ксан­дар Ди­ми­тров. Тој ми е ка­ко та­тко. То­гаш бе­ше ди­ре­ктор на „Па­лер Ма­ке­до­ни­ја“.

Го за­поз­нав ка­ко де­те ко­га од До­мот ме пра­ќаа да со­би­рам ста­ра хар­ти­ја од ста­но­ви­те и од ку­ќи­те. Бев­ме по­де­ле­ни на гру­пи. Бев со уште две де­чи­ња. Одев­ме по згра­ди и ба­рав­ме хар­ти­ја. Имав­ме не­ко­ја до­бра ѕвез­да. Ни да­ваа сок­че, хра­на, об­ле­ка, па ду­ри и по не­ко­ја па­рич­ка. Бла­го­да­ре­ние на нив рас­те­ње­то во До­мот ми бе­ше по­лес­но. Але­ксан­дар Ди­ми­тров бе­ше еден од оние лу­ѓе што ги за­поз­нав та­ка и тој ми ста­на ка­ко та­тко. Ме фа­ти за уво и ми ре­че де­ка мо­рам да учам за­на­ет. Не зна­ев ни што е за­на­ет. Ме од­не­се кај Фу­фо и му ре­че: „Са­кам ова де­те да би­де до­бар мај­стор“. Има­ше трој­ца мај­сто­ри, си­те раз­лич­но ме учеа. Јас, ве­ро­јат­но, сум бил на­да­рен за те­сто и за пи­ца и ус­пе­ав да го изв­ле­чам нај­до­бро­то од си­те нив, и на тоа да до­да­дам не­што свое. Јас сум ле­во­рак и се прис­по­со­бу­вам на тоа – рас­ка­жу­ва Иван.