Ивона Јовановиќ ја паметитме од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде за првпат се појави во сезоната 2014/2015 година.
Тогаш, Ивона немаше доволно среќа, па не стигна многу далеку. Меѓутоа, тоа не ја обесхрабри и таа повторно се појави во дванесетата сезона, односно претходната година.
И по вторпат, кумановката не стигна до самото финале, но овој пат одлучи да му каже збогум на „Гранд“ и на овој вид на наптреварување. По напушатањето на шоуто, Јовановиќ истакна дека нема повеќе да се пријавува.
На социјалната мрежа Инстаграм, во кратките прашања ја прашаа Ивона дали погрешила што оваа сезона не се пријавила повторно, таа одговори:
„Не, пакувањето е сменето. Внатре уште смрди“.
Нејзините следбеници и поставија уште неколку прашања за Гранд, зошто не се потрудела со својот глас и да го покаже својот талент.
„Затоа што не живеам да ги имприсионирам другите. Потенцијал и талент имам. Оној кој што верува во мене со ваков изглед заслужува да биде со мене и кога ќе сум по стандардите на опшеството. СЛАБА. Оној кој што не го прифаќа мојот изглед ваков, не заслужува да прави пари од мојот талент“, напиша Ивона.
Јовановиќ деновиве го снимаше видео записот за својата прва песна, а ќе настапи и на Макфест.
Извор: Вистина