,Ги укинав паркираните автомобили во градот , а потоа во целост ги забранив” , вели градоначалникот на првиот град на светот , каде е забранет сообраќај.
“Доколку некој сака да се венча во строгиот центар на градот , нема проблем , може младоженците да пристигнат со автомобил , а другите нека одат пеш. Истото важи за погреби.”, рече градоначалникот Мигуел Анксо Фернандез Лорес.
Тој е градоначалник на Понтеверде , во шпанската покраина Галиција , каде во широкото централно градско подрачје е целосно забранет сообраќај за автомобили.
За почеток ослободил 300 000 метри квадрати простор во целиот град за пешаци , ги прекрил со гранитни плочи и го заживеал стариот дел на градот. Но , тоа не било доволно.
Решил во градот веќе да нема сообраќајни несреќи , да не се задушува во смог и да им даде шанса на неговите жители и натуристите да уживаат во прекрасните делови на стариот град до скоро претрупан со автомобили.
Не само што забранил паркирање , туку и секаков сообраќај . Само во посебни случаи, со дозвола од градските власти може да се помине со автомобил .Тоа важи за венчавнки и слични прилики.