ФОТО Бојана Атанасовска со емотивна порака за Искра: „Вреди да се живее за оваа насмевка!”

Нејзината ќерка Искра е нешто што најмногу ја променило поп-пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски. Искра е центар на вниманието на Бојана, и на нејзиниот сопруг Васко Скендеровски, извршен продуцент на емисијата „Улица Македонија“, која од минатата недела ја смени фреквенцијата, и ќе оди секоја сабота од 14.35 на Тв „24“. Семејната продукција „Скендеровски“ ја подготвува емисијата чиј водител е Бојана, а нејзин продуцент е познатиот новинар Антонио Димитриевски.

Бојана Атанасовска со емотивна порака за ќеркичката: „Вреди да се живее за оваа насмевка!”

Пејачката Бојана Атанасовска, која пред повеќе од една година стана мајка, деновиве објави фотографија на Фејбсук од нејзиниот сопруг и ќеркичката, под која напиша емотивна порака која ги разнежни фановите.

„Што да се каже, драги луѓе, вреди да се живее за оваа насмевка, дајте да не заборавиме да се смееме“, порача атрактивната пејачка, но и водителка, која во последните неколку години апстинира на музички план.

Инаку, Бојана е во брак со Васко Скендеровски, кој е директор на македонската футсал-репрезнатција и успешен бизнисмен.

Loading...