Изминатиот викенд пејачот Драган Величковаки Тајзи имаше мала незгода на скопскиот аеродром. Имено, додека се спремал за да се качи на авион на летот за Базел при пренесувањето на багажот му експлодирал куферот, па вработените на аеродромот мислеле дека станува збор за бомба. Па за да го расветли случајот, се огласи на социјалните мрежи:
Чекав на гејт многу брзо по оставањето на багажот и слушнав на врска дека ме бараат итно да се спуштам пред влезот на авионот имало голем проблем со мојот куфер.Сакаа да ми наметнат вина на мене,да ме наместат дека наводно сум носел нешто запаливо.
Во куферот имав гардероба за настапот во Швајцарија и лекови за хронични болести кои секогаш ги носам со мене кај и да одам и никогаш немало никаков проблем и ништо од тоа не е забрането за транспорт.Знаев дека има некоја позадина,дека пробуваат да сокријат нешто и по брза постапка да ја замаглат вистината.
Крајно непрофесионално однесување од страна на вработените при што дојде до голема расправија и летот каснеше 20 минути поради тоа.Ми кажаа ако сакам да направиме записник ќе морам да останам во Македонија да не летам.Ми направија додатен стрес иако имам клаустрофобија и фобија од летање.
Но неможеш да спречиш човек да го направи она за кое што живее.Отидов со црна кеса за ѓубре во Базел со оштетена гардероба на аеродром и пак професионално го изработив настапот во Берн на кој имаше над 1000 луѓе.
Направивме одлична забава заедно со уште неколку колеги од македонската естрада.
Кога се вратив во Македонија го пријавив случајот кај надлежните служби на аеродромот и почна да се расветлува. По истрагата која ја спровеле всушност го прегазиле куферот со камиончето за транспорт на багажот и го влечеле под него до авионот а неколку од вработените кои веројатно имаат одговорност за да не поднесам тужба токму поради тоа ми се нафрлија да ме убедуваат дека ја сум виновен.
Многу патници видоа што се случуваше пред авионот и каков стрес и штета ми направија.Заминав така без лекови и оштетена гардероба да не зборуваме за нарушен углед и права,пак ќе напоменам со црна кеса за ѓубре.Ќе поднесам тужба до TAV I WIZZ AIR и ќе барам обештетување за ова,како и сите виновни да бидат санкционирани. И покрај се јас сум само борец за вистината и слободата а вие ако сте голема компанија ќе реагирате.Сите финансиски средства ќе ги донираме хуманитарно за девојче кое боледува од церебрална парализа и е на лечење со матични клетки во Русија.Ако има барем некој победник во сево ова, нека биде таа… Поздрав од Пироманот Zee