Антонио Милошоски ги сподели радосните вести со сите: Стана татко по четврти пат

0

Антонио Милошоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ стана татко по четврти пат. Се роди неговата трета ќерка. Од првиот брак го има синот Давид, а од вториот брак има три ќерки. Првата ќерка Дариа се роди во август 2016 година.

Колку прекрасна недела! Симона повторно е мајка на свет ја донесе нашата најмалечка принцеза  бато Давид и сестричките Дариа и Михаела си добија уште една дадичка, а Тато е најсреќниот татко на светот.

Благодариме дедо Боже за благословот, најдраги мои роднини и пријатели Ве прегрнувам сите.., од денес сме порадосни и побогати со уште еден член во семејството Милошоски! Пожелувам секому!

Благодарност до Д-р Палчевски и неговиот тим од Аџибадем Систина. – напиша Милошоски на својот фејсбук профил.

Претходна статијаТајзи со емотивна исповед: Сакаа да ми наметнат вина, да ме наместат
Следна статијаДенеска е Свети Јован Милостивиот – верниците задолжително да го направат ова