По Меркел, Кралицата Ранија од Јордан вчера објави фотка и со Маја Иванова

0

Претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја (54) викендов беа во официјална посета на Јордан. Кралицата на Јордан, Ранија Ал Абдулах (48), која е позната како една од најубавите и секогаш средени со стил жени, на својот Инстаграм профил објави заедничка фотографија со нашата прва дама, под која напиша – Со првата дама на Република Македонија во палатата Ал Хусенија, каде што неговото величество ги прими претседателот и неговата сопруга.

Кралицата Ранија, со својот префинет изглед и одлично изграден моден стил секогаш го привлекува вниманието на јавноста. За средбата со Иванова таа се одлучила за долг фустан во темно виолетова боја и светкави темно сини елегантни салонки, и комбинацијата се покажа како вистински моден погодок, кој и донесе огромен број на комплименти на кралицата.

За разлика од неа, Иванова пак, се одлучила за костим во светла крем боја, со должина која делумно ги открива колената, во комбинација со салонки на ниска потпетица, во потемна крем нијанса. Околу тоа кој се грижи за модниот стајлинг на Маја Иванова изминативе години, посебно за време на официјалните средби, нема информација, но пред повеќе години таа јавно откри дека за нејзината гардероба е задолжена Бубе Ристевска.

Претходна статијаМногу Македонци ќе бидат погодени: Борисов нареди проверка на пасошите од последните пет години
Следна статијаУнгарската опозиција лепи плакати низ Будимпешта со ликот на “ВИП мигрантот” Груевски