Твитер профилот „MacedonianHistory“ објави фотографија на која се гледа графит на македонски јазик со пораката „Дани, те сакам“ на Берлински ѕид непосредно пред падот во 1989 година.
Светот деновиве одбележува 29 години од почетокот на уривањето на ѕидот во ноќта меѓу 9 и 10 ноември, кој повеќе од 28 години ги делеше Западна или Сојузна Република Германија и Источна или Демократска Република Германија.
По падот на ѕидот во денешниот главен град на обединета Германија почнаа да паѓаат и комунистичките режими во источниот дел на европскиот континент. Погледнете ја фотографијата.