Свекрвата до снаата: Снао, престани да ме оговараш, тукну дигни телефон кога ти вртам

0

Видов многу совети за свекрви кои кажуваат што можат,а што не можат. Се трудам.Ако сакаш да се согласуваме еве ти неколку правила кои треба да ги следиш, стои во почетокот на писмото.

Ако мислиш дека не сум добродојдена во секој момент немој да ми кажуваш, па да се жалиш на Фејсбук како често сум во твојот дом и се мешам каде не треба. Извини, ако однапред не закажав термин за да си го видам внучето. Ако поради тоа ќе има мир, ќе го направам и тоа. Разбирам дека доаѓањето без најава е непристојно, но поради некоја причина ти никогаш не ми се јавуваш на телефон….

Јави се на проклетиот мобилен! Не сум оператор, туку мајка на твојот сопруг, баба на твоите деца и најмалку што можеш да направиш е да ми се јавиш и да ми кажеш – Извини, полни ми се рацете, не можам да разговарам.

Ги обожам внуците, но не сум ти на располагање 24/7. Иако не веруваш јас имам сопствен живот. Ако сакаш да ти ги чувам децата, со задоволство ќе прифатам. Но, мораш на време да ме замолиш за да си го организирам распоредот. Ако очекуваш да го почитувам твоето време и простор, мислам дека го заслужувам истото. Ветувам дека ќе се јавам кога ќе ме побараш.

Однесувај се како возрасна личност и не ме озборувај зад грб. Сигурна сум дека мојот син не сака да бира меѓу нас две. Ако имаш проблем со мене, однесувај се како возрасна жена и разговарај со мене.

Јас одлучувам како ќе ги трошам моите пари. Ако купувам подароци на моите внуци, тоа е зошто ги сакам. Од тебе не очекувам да ми вратиш.

Гледаш ли колку сум добра мајка? Толку добра што го мој воспитан син одлучи да се ожени со тебе и да имате деца. Не мора да скокаш секој пат кога ќе отворам уста. Извини, ако ти давам совети кои не ги бараше. Можеби треба да ме послушаш.

Знам дека не ми веруваш, но не се обидувам да те контролирам или осудувам. Не, можеби малку те осудувам, но посилно од мене е. Само сакам мојот син и внуците да имаат среќен живот. Тој е твој сопруг, но и нечиј син, брат, вујко. Без оглед дали ти се допаѓа или не, мораш да го делиш.

Еве ги ви чувам децата за викенд, за да имате време за вас. Само вети ми дека нема да озборуваш. Може? Завршува писмото која една свекрва го напишала на снаата.

Претходна статијаСе откажала од плата од 7000 евра, па се отселила на остров: Посреќна сум од било кога
Следна статијаСе венчал со малолетничка помлада 28 години од него, па му следело пекол: Се чувствував како животно