Стефан од Некст Тајм конечно ја покажа девојката (ФОТО)

0

Статус на Некст Тајм:

-2019 беше одлична година за нас, покрај “Нешто ќе те питам Бабо” и “Јовка Кумановка”…Тука беа и настапите што ги имавме во текот на целата година.

Ќе го памтиме настапот во „Јане Сандански“ на мечот Вардар-Пик Сегед но и повторно среќни што бевме дел од @onelovetour и насекаде каде што пеевме низ нашата земја Македонија. Веруваме во уште поголем успех во 2020 год.

Работиме на проект на комитски песни кои што верувале или не, почна уште во 2014 год. со “Ја излези Ѓурѓо”. Веруваме во настапи и надвор од границите на нашата земја, каде што има и публика која не не слушнала како изведуваме во живо и тоа е мотив плус да докажеме кои се „Некст Тајм“.

Тоа е за нас, но на вас би ви посакале да сте здрави живи, среќни и исполнети со позитивна и убава енергија. Убаво поминете си каде и со кој и да сте, и се гледаме во 2020!!! Ве сакаат Мартин и Стефан Филиповски „Некст тајм“ -пишуваат браќата на својот профил на Фејсбук.

Но, на социјалните мрежи кога е приватноста во прашање, Стефан ја стартуваше без криење на неговата нова љубов, манекенката Маја Ристевска со која е заедно во својата планинска авантура.

Изминатата 2019 година и двајцата беа резервирани за потврда или демант дека се во врска, но сега новите фотографии беа доволна потврда дека нивната врска само зајакнала.

Мартин пак, кога е љубовта во прашање не е резервиран да покаже која е во неговото срце и е во долгогодишна врска со ракометарката Андреа Белеска.

Претходна статијаЈелена Спенџарска на Инста: Зошто ми љубоморите
Следна статијаСите народни верувања што се прави а што не во престапната 2020 година