Росоклија: Еве што ми се случи мене во Америка кога се двоумев дали да ги вакцинирам децата

0

Светот е во очекување на новата вакцина, која би го вратила во нормала животот, после појавата на Корона вирусот. Дискудиите за и против вакцините пак, се вечна тема на социјалните мрежи, секаде во светот.

Но како изгледа системот во високо развиените земји и каков е ставот на надлежните во врска со избегнувањето на оваа обврска, можете да видите во продолжение. Горазд Росоклија, професор на Колумбија универзитетот во Њујорк, доби интересно прашање на својот профил на социјалните мрежи:

,,Професоре може ќе имате инфо… дали во САД е задолжителна вакцинација од сезонски грип за сите граѓани кои се во системот? Или зависи поединечно од сојузна држава?”

Одговор на Горазд Росоклија: ,,За нас лекарите и целиот медицински персонал е задолжителна. За генералната популација не е. Некои компании им сугерираат на своите вработени да се вакцинираат. Сите осигурителни компании го покриваат трошокот на вакцинирање.

Исто е и за ТБЦ. Бидејќи невронауката и психијатријата се во посебна зграда во која се влегува со електронска картичка, на влезот, цела недела, седат докторка, медицинска сестра и техничар. Не можеш да ги избегнеш, седнуваш и те вакцинираат.

Секој од нас мора да е вакциниран и против хепатитис. Сите други вакцини се задолжителни за целата популација, зборувам за ученици и студенти. Кога дојдовме во САД, моите деца одеа во осмолетка (3-5-7 одделение, најмалиот беше 6 месечно бебе).

Ми дадоа еден месец да им направам титар на заушки бидејќи реков дека ги прележале. Како Балканец, не го направив тоа и точно после 30 дена ми се јавува Илина и ми вика, тато мене и Војдан медицинската сестра не извади од час, еве ти ја да ти објасни.

Ми објасни, ,,докторе имавте 30 дена, не смеам да им дозволам да се на час со другите деца“, отидов дома, ги земав од школото и ги однесова да бидат вакцинирани.

Исто е со студентите, исто е со секој доктор или научник кој доаѓа кај мене да соработуваме. Мора да има лист на вакцини и потврда од лекар дека е здрав. Кога ќе се појави случај на менингитис во колеџ или училиште, вакцината се нуди бесплатно но кој не сака да ја прими и да ризикува да биде инфициран не ја прима.

Некои верски училишта се обидуваат да им дозволат на невакцинирани деца да посетуваат настава, бидејќи има родители кои од верски причини тоа не го прифаќаат. Таквите училишта, во Њујорк, биваат казнети и добиваат забрана за обавување настава.”

Претходна статијаГлигоров со решение како вработените во приватниот сектор да не останат без работа
Следна статијаВработена во аптека во Струмица: Дечки, постојат и вакви луѓе (ФОТО)