Медицинскиот персонал во болницата каде што е сместен пејачот Дарко Лазиќ во Земун, во последен момент спречил непознато машко лице да влезе во собата на Лазиќ. Наводно, требало да му се однесат наркотици, пренесува српски „Курир“.
Претходно во јавноста се зборувало дека пејачот побарал од доктор да му „донесат нешто“, па во оваа прилика неговите пријатели сакале да му ја исполнат желбата.
Според зборовите на вработен од болницата, станувало збор за познат дилер, апсен во минатото.
-Бевме шокирани кога слушнавме дека некој пратил дилер да му носи наркотици на пациент во тешка здравствена состојба, ваков случај не сме имале до сега – рекол анонимниот извор.
Лазиќ претходно признал дека зема кокаин откако излегле во јавност фотографии како го прави тоа, но тврдел дека тоа е минато за него.
Меѓутоа, по сообраќајната несреќа, докторите пронашле покрај алкохолот и дрога во крвта на пејачот.