После шест дена неизвесност, Дарко Лазиќ е буден, свесен и во стабилна состојба

0

После шест дена агонија и борба за живот, после тешката сообраќајна несреќа која ја преживеа, Дарко Лазиќ сега е во стабилна состојба. Тој е буден, свесен, а една средба за него била посебно емотивна.

Поради фактот дека пејачот излегол од кома и дека сега е стабилно, најсреќни биле неговата мајка, татко, брат, свршеницата, но и пејачката Ана Севиќ, неговата се уште законска сопруга, со која ја има ќерката Лорена.

-Иако некои пишуваа дека родителите на Дарко и Ана се скарани, и дека таа поради тоа три дена не одела кај Дарко, тоа не е точно. Таа уредно е таму и апсолутно секој ден е со Дарко, а тоа што има свои начини на кои влегува во болница, така што никој не ја гледа, тоа е друга работа, вели добро упатен извор.

Кога излегол од кома, Ана била првата личност која Дарко ја видел. Иако се уште беше зашеметен, Дарко веднаш го препозна ликот на Ана и иако не може да зборува, очите му биле полни со солзи, па тогаш и Ана се расплакала.

Се сфати веднаш. И мислам дека не постои личност чие лице повеќе сакаше да го види од нејзиното, тогаш, во тој момент. Ана пред се е пресреќна што на Лорена може да и каже дека повторно ќе го види својот татко. Можеби се уште не, но секако наскоро, раскажал извор од болницата.

Претходна статијаДејл Карнеги: Да, стравот постои, но само во вашиот ум
Следна статијаВанковска: Зошто никој не го прашува поранешниот Премиер од СДСМ кога планира да си ја отслужи казната