Дејл Карнеги: Да, стравот постои, но само во вашиот ум

0

Тој изработил сопствен концепт за бесконфликтност и успешен однос. Ова се неговите совети:

Секој човек барем 5 минути дневно е будала. Вистинската мудрост е тој временски лимит да не се надмине.  Ако судбината ти подари лимони, направи лимонада. Научете да се ставите во положба на другиот човек и да сфатите што му е нему потребно, а не вам. Целиот свет ќе биде со оној што ќе успее тоа да го направи.

Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот и еден од најефективните. Ако посакате да промените некого, започнете од себе. Тоа е покорисно и безопасно. Замислете ги најлошите последици што можат да предизвикаат ваша постапка, однапред помирете се со нив и потоа дејствувајте.

Насмевката не чини ништо, а многу вреди. Многумина го викаат лекарот кога им е потребна публика. Луѓето не ги интересираме ни јас ни вие. Наутро, на пладне и навечер тие се занимаваат само со себе.

Кога човекот ќе започне војна против самиот себе, тој веќе вреди нешто. Јасно е дека вашиот маж има недостатоци, но да бил светец, не би се оженил со вас. Запомнете дека името на човекот е најслаткиот и најважниот звук на планетата за него, на кој било јазик.

Тајната на нашата несреќа е во тоа што имаме премногу слободно време да размислуваме за тоа дали сме среќни или не сме. За мудриот човек, секој ден почнува нов живот.

Не утре. Денот за спасување на човекот е денес. Не плашете се од непријателите што ве напаѓаат. Плашете се од пријателите што ви ласкаат.

Стравот постои само во вашиот ум и никаде на друго место. Силната желба нешто да научите е веќе 50 проценти успех. Однесувај се како да си среќен и како да ќе станеш уште посреќен.

На овој свет постои само еден начин да се заслужи љубов – да престанете да ја барате и да почнете да ја давате не очекувајќи благодарност.

Претходна статијаАнета Молика пред тргање за Австралија: Моите пет минути тек ќе дојдат
Следна статијаПосле шест дена неизвесност, Дарко Лазиќ е буден, свесен и во стабилна состојба