Безбедносни проценки на МВР покажуваат дека постоојат ризици за нарушување на безбедноста на пратениците кои гласале За во петокот поради што полицијата распоредила сили за нивна заштита. Министерот Спасовски вели дека има сомнежи и за организирана структура која стои зад заканите.
Сите пратеници кои во петокот гласаа За се под полициска заштита, вели министерот Спасовски и тврди дека дел од нив покрај на социјални мрежи добивале и директни закани. Има сомнежи и дека организирана група стои зад серијата закани.
Досега двајца се осомничени дека преку социјалните мрежи упатувале серизони закани кон пратеници кои гласаа за отварање на уставот за амандмани по него. Спасовски го повика и јавното обвинителство да ги испита наводите на опозицијата за поткуп на пратеници, за кои смета дека се невистинити.
Обвинувањата за наводен поткуп и притисок ги објави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Јанушев два 3 часа пред гласањето, а веднаш негираше СДСМ и ги прогласи наводите за лажни вести.