Од партијата не и простуваат: Нола Исмајлоска Старова под итно да го врати мандатот

0

На денешниот прес одржан во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга, претседателот Мирче Аџиоски ја повика пратеничката Нола Исмајлоска Старова да го врати мандатот на партијата.

„Бевме сведоци на најголемото предавство во поновата историја на Република Македонија. Се изврши насилство врз државата, но пред се, врз македонскиот народ, без да се почитува волјата на граѓаните, која што беше јасно искажана на референдумот. Се докажаа аспирациите на Зоран Заев и неколку луѓе околу него, кои по секоја цена, без да се бираат средства успеаја да обезбедат 2/3 (двотретинско) мнозинство, за жал со помош од 8 пратеници на опозицијата, меѓу кои и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Нола Исмајлоска Старова“, вели Аџиоски.

Тој смета дека со ваквиот потег се изневерени 7.700 стружани кои на претходните парламентарни избори и дале легитимитет во Собранието.

„Вие пратеничке, ги изневеривте вашите сограѓани, ја изневеривте државата во која живеете и загазивте врз волјата на граѓаните на Република Македонија. Зарем вреди да се живее со предавство и жигот кој сами си го закачивте на вашето име?! Зарем нашето име има цена, па се одродивте и одрековте од него?!“ – изјави Аџиоски.

Претходна статијаХристос Богочовекот вели: По плодот ќе се препознаете меѓу себе, а не по видот на дрвото и големината на гранките
Следна статијаФОТО: Искршено возилото на вујкото на Мартин Нешкоски