Античките народи Хунзи се сместени на самата граница помеѓу Пакистан и Индија, а познати се по тоа што нивниот животен век трае 110-120 години. Затоа нивната татковина е наречена “оаза на младоста”. Скоро никогаш не се болни, а благодарение на гените секогаш изгледаат млади.
Тие се вистински пример за тоа дека идеалниот начин на живот навистина постои. Се бањаат во студена вода, дури и на температури од 15 степени под нулата, а и на 65 години раѓаат деца.
На лето јадат сирово овошје и зеленчук, а во текот на зимата конзумираат суви кајсии, житни култури и овчо сирење. Постои период кога Хунзите ништо не јадат, познат како “гладна пролет”. Името на овој период доаѓа од фактот дека на пролет овошјето е сеуште незрело, и тогаш исклучиво пијат сок од суви кајсии. Периодот трае од 2 до 4 месеци, и го сметаат за круцијален за своето здравје и начин на живот.
Протеини внесуваат во најмали количини, а дневно конзумираат во просек 1933 калории, од кои 50 грама протеини, 36 грама масти и 365 грама јаглени хидрати.
Се смета дека главен фактор за долговечен живот е нивната исхрана.
Шкотскиот лекар Мек Харисон, по враќањето во Англија, спровел експеримент на голем број животни. Една група се хранела со нормална храна на лондонска работничка фамилија, што подразбира бел леб, харинги, преработен шеќер, конзервирана храна и варен зеленчук. Како резултат на таквата исхрана, кај животните се појавиле различни човечки болести. Другата група животни се хранела со храната на Хунзите и останала совршено здрава.
На меѓународниот конгрес за канцерогени заболувања во Париз, уште во летото 1977 година, експертите објавиле дека само кај овој народ постои целосно отсуство на рак. Така е и до денес.
За овој народ, да се пропешачи дваесетина километри дневно е исто што за нас е прошетка низ домот. За припадниците на овој народ, искачувањето по планина е како одење во продавница, додека спуштањето вистински празник.