ВИДЕО: Тазји го пушти своето ново дело „Пабло“ – спотот снимен во Колумбија

0

Пејач Тајзи не престанува да не изненадува со нова музика и спотови. Како што најави работи на повеќе проекти и песни  на македонски, англиски и српски јазик а една од нив е токму темата Пабло која од денес е во етер и можеме да ја слушаме на сите балкански радио мрежи.

Александар Фјаза кој е роден и живее во Шведска е продуцент и аранжер  додека  музиката и текстот се на Тајзи кои  заедно ни носат  еден нов  и заразен звук  кој уште од старт мириса на милионски прегледи на Јутјуб впрочем како и сите видеа на Тајзи кои веќе имаат вакви  цифри. Миксот и мастерот се на Роберт Билбилов, а спотот  е објавен од Балкатон продукција од соседна Србија од каде што најавуваат вистинска бомба од македонскиот пејач.

Спотот е навистина со холивудски сцени, Колумбија во мало и нешто што навистина ретко се гледа на овие простори.Колумбиски картели ,згодни девојки, аеродроми, сиромашни гета, ретро автомобили, оружје, карактеристичен стајлинг,многу  статисти  и секакако една  моќна  порака…Како режисер на ова прекрасно дело се потпишува охриѓанецот Даниел Јовески кој уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите на Балканот.

„Ова дело има една силна порака до системот,луѓето и општеството во кое што живееме.Човекот е алчен и го поминува животот робувајќи за се поголема доминација и моќ,за се поголемо материјално богатство додека секојдневно до себе гледа и гази луѓе кои се мачат како да се прехранат секој нареден ден.И така сите заедно сочинуваме општество на модерни робови предводени од некои Пабловци на кои ич не им чуе за нас.. Ироничен приказ на голема маса на народ што живее во заблуда.Желба за докажување,конкуренција,доминација кокаин,моети,скапи брендови,црвени теписи,луксузни коли,испревртени вредности како и целиот бран од трендсетери,инфлуенсери,блогери,фејк медиуми,сапуници
политики и ред други западњачки перални за мозок…
Заедно со моите браќацелиот картел ви посакуваме да уживате и да се посмеете во наредниве 4 минути и 20 секунди… па поа после Repeat се разбира“ изјави Тајзи.

Претходна статијаИако пред некој ден објави дека се повлекува од естрадата, објави жешка фотка со трудничкото стомаче
Следна статијаСветски познатиот готвач пристига во Охрид