Сопругот и снаата на Брена со овации, жирито без зборови – Ленче Кукиќ растури (ВИДЕО)

0

Неодамна започна новата сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, каде што повозрасни кандидати ќе имаат прилика да го покажат својот талент за музика.

Во втората емисија, настапуваше и 42- годишната Ленче Кукиќ од Струмица.

Ленче се претстави со песната „Катарино, момо“, а жирито беше воодушевено од нејзиниот настап и нејзината интерпретација.

„Браво, секоја чест“, изјави Боба Живојиновиќ кој беше дел од жирито, а на него се надоврза и Александра Пријовиќ која остана без зборови:

„Не знам, мене рацете ми се мокри. Ја гледам цело време и не можам да верувам дека некој во 2 секунди може да ми го промени расположението. Не знам дали да плачам, се наежив. Не знам што  да кажам, еве стварно не знам што да кажам, изјави Александра Пријовиќ

И жирито и публиката беа воодушевени од настапот на Македонката. Инаки, сопругот на Ленче, Горан пред три години победи во ова регионално музичко шоу, а дали и Ленче ќе биде победи допрва ќе видиме.

Извор: Вистина

Претходна статијаМарјан Костадиновски: Ме отрувте со пропаганда и едните и другите – ве исклучив
Следна статијаНа Германија и фалат работници, освен факултетски образовани, работни визи ќе добиваат и квалификувани работници