Марјан Костадиновски: Ме отрувте со пропаганда и едните и другите – ве исклучив

0

“На овој народ многу му фали етика и морал. без тоа нема ни еу ни африка. такви навреди такви лоши зборови од интелектуалци од професори кои треба да се пример за општеството, таква омраза за некој што има поразличен став и мисли за иднината, богами нема никаде на овој свет.

Наместо јавно извинување за сите навреди и клевети лоши зборови од кои ми се гадеше што ми се појавуваа воппшто и ги читав, бев принуден да ги отстранам на момент и самиот исклучам од ФБ или едноставно сменам каналот бидејќи не ми се допаѓа програмата, ме отрувте со пропаганда и едните и другите. ги направивте малоумни и нездрави, невидени пцости кон сите тие што излегоа да гласаат, сте ги снимале со камера демек, и што со тоа?

Абе ајде више аман. Ме наполнивте со негативната енергија. и покрај тоа ќе останеме на улица другари, иако имаме различни политички гледишта. за жал никогаш нема да разговараме повеќе за убавите нешта кои ни носат радост во животот, само политика политика политика докажување на македноштината, кој е поголем кој е помал македонец. а сите сме ЕДНАКВИ МАКЕДОНЦИ ПРЕД ЗАКОНОТ И ПРЕД СУДОТ.

Како можете бе да бидете толку злобни од каде ви е таа омраза во вас, ајде фатете се за работа направете нешто за оваа држава наместо да пишувате статуси ослободете се малку тури му к.р и на едниот и на другиот никој не заслужува внимание колку секој поединец посебно.

Премногу надвладеа простилукот во оваа убава држава која сами си ја уништуваме од тоа што секој се знае и бистри политика наместо да се фати за работа и придонесе за квалитетен живот.толку од мене . останете си заглавени во вашето минато. инаку не знам дели знаете и КЛЕОПАТРА ИМА „МАКЕДОНСКО“ ПОТЕКЛО, ајде чао.”

Статус на Марјан Костадиновски

Претходна статијаПотекнувам од Скопско Драчево, а во Америка работам како паркирач на коли
Следна статијаСопругот и снаата на Брена со овации, жирито без зборови – Ленче Кукиќ растури (ВИДЕО)