На Германија и фалат работници, освен факултетски образовани, работни визи ќе добиваат и квалификувани работници

0

Германската влада соопшти дека ќе го прошири системот на шестмесечни визи, овозможувајќи им на луѓето вон ЕУ да побараат работа во земјата. Соопштението доаѓа како последица на напорите на германските власти да се изборат со недостатокот од квалификувана работна сила.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека визите, кои моментално се достапни за факултетски образованите луѓе, ќе бидат проширени и за луѓето со квалификации за одредени професии, пренесува „Асошиејтед Прес“.

Зехофер објасни и дека Германија не сака „имиграција во системот на социјално осигурување“, со што всушност порача дека подносителите на барањата за виза ќе мораат да докажат дека можат сами да се издржуваат и дека го говорат германскиот јазик.

Министерот за труд – Хубертус Хајл, најави и дека владата усогласила „прагматично“ решение за одбиените баратели на азил, а кои имаат работа во Германија и добро се интегрирани во општеството.

Според него, владата на овие луѓе планира да им додели „доверлив статус“, со цел да не се испраќаат „погрешните луѓе дома, а потоа со сите сили земјата да се обидува да вработи квалификувани работници од трети земји“.

Претходна статијаСопругот и снаата на Брена со овации, жирито без зборови – Ленче Кукиќ растури (ВИДЕО)
Следна статијаШабан Шаулиќ: Саша Поповиќ ми кажуваше кој кандидат треба да помине во следниот круг