Наташа во петокот вечерта во еден клуб во Загреб се појави во провокативен фустан и приреди одличен настап за кој долго време ќе се зборува.
Облечена во црн, потполно проѕирен фустан Беквалац ги воодушеви сите кои таа ноќ присуствуваа на нејзиниот концерт, а најмногу оние што беа во првите редови кои најдобро можеа да видат што носи пејачка.
Имено, под проѕирниот фустан и се гледаше бодито кое дополнително и го стегна телото, а целото издание го зачини со шик фризура и секси чизмички со високи потпетици.
Една вечер потоа Наташа настапи во Виена во уште посмела комбинација под која повторно и се гледаше долната облека. Што велите за овие провокативни изданија на пејачката?