Поједе ме туџа срамота: Тања Савиќ понижена јавно од својот сопруг

По завршувањето на работните обврски, Тања Савиќ се врати во Австралија каде што ќе помине одреден период со своето семејство. Савиќ се приклучи во живо на Инстаграм, а во еден момент имаше голема посетеност од страна на нејзините фанови кои сакаа да ја видат.

Таа се вклучи од својот дом од Австаралија, а покрај неа беше нејзиниот сопруг и неколку пријатели. Тања почна да им се обраќа на фановите, а набрзо се вмеша и нејзиниот сопруг, прашувајќи што е тоа, а пејачката објасни дека се вклучила во живо.

Во еден момент Савиќ почна да зборува на англиски, а ја прекина нејзиниот сопруг.

„Ајде остави го тоа, немој да се снимаш. Немој да се правиш идиот. Тоа е смешно“, велеше Душан, а Тања се правеше дека е шега. По исмејувањето на нејзиниот англиски, на Тања и стана непријатно, па продолжи сама да комуницира со фановите, а сопругот постојано и велеше да се исклучи.

„Тања што се глупираш и зборуваш англиски. Што е ова 300? Не ми требаат твоите фанови“, велеше Душан.

Подоцна, еден фан го поздрави сопругот на пејачката, па двајцата продолжија да комуницираат со следебениците.

Loading...