Тања Кочовска има со што да се пофали, ќерка и израсна во прекрасна убавица (ФОТО)

0

Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски вчера прославија 23 години од бракот. Тања на социјалните мрежи објави интересна фотографија, бакнеж со сопругот, до кој напиша, 23. Шармантната актерка која е миленичка на народот поради својата духовитост и непосредност ретко споделува приватни моменти на социјалните мрежи.

Таа неодамна објави слика од нивната ќерка, Нела. „Вистинска убавица“, се коментарите под фотографијата на ќерката на актерската двојка.

„ Александар има 28 години ,а Нела има 22. Александар заврши факултет за туризам, а Нела е апсолвент на филолошки факултет. Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен.

Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хахахаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, изјави Тања за своите деца во претходно интервју за Женски магазин.

„ Тешко функционираат маж и жена кога се на исто работно место и тековните проблеми си ги носат дома. Сега се одвоивме и супер е, хахаха“, додаде Тања, која веќе неколку месеци не е вработена во Тетарот за деца и младинци, туку во Македонскиот народен театар. Предраг остана во Детскиот театар, а Тања со неколку улоги сѐ уште е присутна и на тамошната сцена.

Извор: Женски магазин

Претходна статијаМедиумите во Турција преплавени со шпекулации за новата љубов на Емина со милионерот
Следна статијаБеквалчева во петокот ги збесна мажите, не знаеја дали да гледаат лево или десно (ФОТО)