Сузана Гавазова не престанува да изненадува со својот изглед. Поубава и поубава од ден за ден, а нејзината топ форма е нешто што многу жени го посакуваат.
Во тесен фустан, сукња често знае да стави слика и да покаже како се дотерала пред настапите.
Но, некогаш навистина знае да изненади, а тоа го направи токму сега кога на своето Инстаграм стори објави фотографија од бикини.
Стегнат стомак, вита става и слаби нозе е се’ она што покажува дека Гавазова изгледа предобро за своите години.
Во декември минатата година, позната пејачка го прослави 43-тиот роденден. А, кога полнеше 42 години, за овој посебен ден Сузана си доби супер интересно изненадување од сопругот Јасмин кој се пошегува со неа.
Најпрво ѝ донесе завиткана украсна кутија во која имаше бурек и јогурт, а откако слатко се нaсмеаја и двајцата, следуваше вистинското изненадување – огромен букет во кој се криеше мала, но вредна кутија, а кога ја отвори, Сузана буквално припадна.
Во кутијата имаше златна нараквица, веројатно станува збор за некој луксузен бренд“, објави Женски магазин.
Покрај изненадувањето од сопругот, си доби и изненадување од мајка ѝ, нејзините две ќерки и други нејзини блиски луѓе, а на тортата имаше свеќички со број 24 – буквално како што и изгледа Сузана.
Гавазова на стори на Инстаграм сподели видео од луксузниот стан во кој живее со сопругот Јасмин и со ќерките Емилина и Селена. „Добро утро“, напиша Гавазова под видеата, а на нов се гледа дека Сузе живее во супер луксузен, но и вкусно уреден стан со топ поглед од прозорот.
И покрај нејзината набиена агенда со често настапи на свадби и во ноќни клубови, на Сузана Гавазова секогаш ќерките ѝ сена прво место, па во една прилика објави стори како наздравува со нов во ресторан, таа ракија, а тие сокче.
Освен што е згодна жена, Сузе е и супер домаќинка и посветена мајка на Емили на на Селена, а и супер домаќинка е- таа редовно им приготвува вкусни специјалитети на своите најмили.
Сузана е сега на турнеја низ Австралија, а нејзиниот сопруг Јасмин е со неа, и тој редовно, и пред да заминат за Австралија, споделуваше снимки и слики од повеќето настапи на неговата сакана.
А Сузана како и секогаш, била пречекана ептен весело од нашите иселеници, што може да се види и на едно од видеата кои ги шернала на Инста стори.
На едното видео се гледа како Сузе настапува, и тоа во нејзиниот омилен црн фустан кој и порано го има носено, а на другото видео, како пристигнува на сцената, а сите врескаат по неа.
Но, Сузе заслужува и да се одмори по напорните настапи, па така таа се релаксирала на плажа, и покажала еден од своите најголеми адути, а секако Гавазова ги има повеќе.
Додека многумина ќе помислат дека станува збор за нејзиното дек-олте, овојпат Сузе ги покажала нозете, на снимката како чекори по плажата и ужива во летото кое е при крај во Австралија.