Денес изгледа како дива, а немала ни пари за автобуска карта- пејачката Елена има тажна приказна

0

Пејачката Елена Петреска е еден од нашите најдобри и најуникатни женски вокали. Иако во последно време е послабо активна на поп-сцената, музиката е и понатаму дел од нејзиниот живот.

Таа е вработена во Националната опера и балет како дел од хорот, и иако не го исполнија сонот на нејзината мајка да стане оперска пејачка, таа е среќна во средината во којашто работи“, објави Женски магазин во една прилика.

– Сум прифатила и лоши песни кои ни сама не сум сакала да ги слушнам, но и многу добри кои за жал никој не пројавил желба да ги пушта.

Искрено, (секоја чест на исклучоците), на новинарите очигледно им бев интересна за интервјуа во врска со мојот живот, а кога се работеше за мојата музика сите ми вртеа грб, тоа се потврди и со еден мој настап на Макфест.

Немав среќа да имам добар менаџер, а сама за себе не знев да бидам. Јас сум уметник, и фала Богу што барем на моите настапи имав можност да бирам како ќе се изразам себеси.

Ова е случи откако да морам да прифатам било каква песна зошто сум немала спо нзори за да платам поубава. Затоа, веќе немам ниту мотив, ниту желба.

И не се лутам на никого, едноставно тоа биле знаци кои одамна требаше да ги прифатам, а не упорно како што кажав да тропам на погрешна врата.

Горда сум на мојата одлука. Уште погорда што секојдневно се повеќе сум инволвирана во класичната музика каде што уживам и искрено немам потреба никому да се допаднам.

Едноставно се препуштам на енергијата и магијата која ја носи во себе операта“, кажала пејачката во едно интервју за порталот Точка.

Но, Елена во една прилика, си ја отвори душата и кажа дека имало периоди кога морала да позајми пари за да дојде од родниот град Прилеп, во Скопје.

– Тој е периодот во кој јас изгубив самодовербата зошто тоа се сплет на ситуации и околности кои малку по малку ме влечеле надоле.

Од мала сум на сцена, го сакам тоа што го работам, тоа е мојот живот. Но, кога почнав да се појавувам на телевизија и да се гледам од страна се’ некако стана различно, прво мојата нефотогеничност.

По првата моја насловна страница ме виде една водителка во живо и ми кажа: Не дозволувај веќе да те сликаат! Тоа за мене во тој период на почетоци беше шо-к.

Па, оттаму дојде и мојата идеја дека не сум доволно убава за да бидам на ТВ, па никогаш не сакав да си ги гледам настапите и гостувањата во емисии“, кажала Елена во една прилика во Женски магазин, па потоа додала:

– Првиот таканаречен ша мар беше кога заради финансиската состојба во која западнавме морав да се вратам во Прилеп и да ги прекинам студиите на Музичка академија.

Имаше моменти кога немав денар во џе б и кога го допрев дното, но фала му на Бога, и на мојата мотивација, работа на себе и трудољубивоста, почнав да се качувам на скалата да стигнам до нулата, зошто таму кај што бев беше ми нус.

Не се откажував никогаш, се борев постојано, одев на фестивали, на настапи, некогаш со позајмени фустани, со сандали фарбани со боја, со фустани направени од марами, зафатени со безопасни, кои сама си ги изработував.

Се сеќавам на Охрид фест кога победив со песната “Галебе” а едвај отидов на фестивалот со 500 денари во џеб… сега си се чудам на храброста и самодовербата која ја имав.

Бев разо чарана, но одлучив да се борам, секогаш се сеќавам на тие 280 денари за автобуска карта кои ми ги даде мојот тетин и со кои се вратив назад во Скопје и почнав да пеам за да заработувам за живот“, кажала Петреска.

Сега, сето ова е зад неа и таа изгледа како дива, и многу внимава на својот стајлинг, што може да се види од неодамнешните слики кои ги постирала на Инстаграм.

Претходна статијаВера Мештеровиќ објави „бесна“ слика – еве што и прокоментира колешката Милена (ФОТО)
Следна статијаГавазова на плажа во Австралија, покажа еден од своите најголеми адути (ФОТО)