Миа ја раскажа целата приказна, што ја натерало да му помогне на малиот Никола од Скопје

0

Водителката и инфлуенсерка Миа Костова е секогаш интересна за јавноста, особено откако стана доста актуелна на социјалните мрежи.

Таа во една прилика беше гостинка во втората епизода на „Опуштено со Тони“, кај Тони Михајловски. Миа зборуваше за многу нешта, за нејзината работа и за нејзиниот живот.

Миа меѓудругото рече: „Македонија е моја и многу ја сакам, ама многу би сакала да ја оставам и да ја сакам од негде од подалеку“.

Тони и Миа зборуваа цело време на кумановски, а Тони нагласи дека му е многу мерак што во емисијата открива дека Миа е кумановка.

Потоа Миа раскажа дека имала само 14 години кога Мартин Трпчевски ја нашол на плажа на Градиште, по што и таа стана дел од тимот на емисијата „99 акција“.

„И до ден- денес сум Миа 99 по телефони, често ми се случува“, рече таа. Во продолжението од разговорот , Миа раскажа дека „Бекстејџ“ ја одбележал нејзината кариера, на овој ТВ проект таа му посветила 10 години. Потоа откри зошто се повлекла од телевизија.

– Не знам како ќе звучи ова, ќе делува како јас да сум престарена. Но, тоа беше меѓусебен договор помеѓу мене и продукцијата.

Дојдоа нови деца на сцената, дојде време кога јас требаше да ги најавам „2 Бона“, а јас не знам кои се „2 Бона“.

Потоа, Миа зборуваше за својата аткуелност на социјалните мрежи, поточно на Инстаграм. „Имав понуда за нови 2-3 проекти, но не ми се напушта ова.

Овде сум сам свој газда, кога сакам снимам, кога сакам не снимам, кога сакам постирам, кога сакам три дена одмарам, кога сакам 5 дена не сум во Скопје.

Јас во ни еден момент не учев да бидам инфлуенсерка, многу спонтано ми дојде тоа, ниту знаев дека кај нас ќе дојде такво нешто.

Во време кога јас почнував со тоа, многу наивно. Само ми се редеше едно по друго, реално почнав со 4.000 фоловери, сосема случајно.

Кога сфатив дека имам некаков инфлуенс на некаква публика, кога сфатив дека можам да продадам нешто, тогаш сфатив дека треба да ми биде приоритетна работа, затоа што прво, ми носи пари, а второ- го сакам тоа што го работам“, откри Миа.

– Самохрана мајка сум од првиот ден, и иако сме многу далеку од еден Белград и Загреб, можам да кажам дека финансиски не сум била позадоволна од себе, што и да сум работела.

А, понекогаш сум работела и по четири работи одеднаш, за да можам да си го изгледам детево“, му рече Миа на Тони.

Миа Костова во изминативе денови е херој за многумина, затоа што на нејзина инцијатива за само 24 часа мотивираше 300 луѓе и се собраа 18.000 евра што ќе бидат наменети за лек ување на момче кое е ученик во четврто одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

– Немав ни крајна мисла дека ова вака ќе заврши за помалку од 24 часа. Првата ноќ не спиев воопшто особено не заспав по донацијата од 10.000 евра.

Од друга страна, пак, единствена мисла ми е само да сме сите живи здрави и на број. Блиските ме знаат како Миа што никогаш нема да сфати колку може и која е.

Ништо посебно не мислам за себе освен што сум свесна дека имам армија луѓе што ми веруваат. И тоа е она што ми дава неверојатна среќа во душата. За да го постигнеш ова не треба да си познат, треба да ти веруваат.

Уште еднаш кога би можела, би отишла лично да ги гушнам сите 300 луѓе што застанаа зад оваа приказна“, изјавила Миа за Слободен печаt, а потоа додала:

Секогаш се водам по интуиција и никогаш предолго не ги смислувам работите, ниту ова беше некој голем план. Искрено, на првата објава го препознав Андрија во малиот Никола и не престанав да го мислам два дена“, рекла нашата позната инфлуенсерка за Слободен печат.

Претходна статијаГавазова на плажа во Австралија, покажа еден од своите најголеми адути (ФОТО)
Следна статијаВане Маркоски ептен расположен во друштво на оваа наша пејачка, заедно на забава (ФОТО)