Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД.
Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да заплови „преку барата“, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.
Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот.
Но по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна тешката бoлecт.
Пепи по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта во април 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка.
Пепи и Ава до последниот момент останале блиски, иако беа разделени и не живееја заедно.
Последните години, како што велат неговите пријатели тој ги поминал сам, не јавувајќи се никому.
Откако му била дијагнocтицирана болеста, бил хocпитализиран, а неговите пријатели од САД преку Интернет упатија апел за да се соберат финансиски средства за тој да се врати во Македонија, што била една од неговите најголеми желби во неговите последни денови од животот.
Пејачот Пепи Бафтировски и неговите народни песни засекогаш ќе бидат запишани во македонската музичка историја. „Сине мој“, „Ако згрешам нека изгорам“, „Друга љубов не сакам“, “Заветна“, „Ти не плачи мајко“… се само дел од песните кои и денес се пејат насекаде каде што има Македонци.
Пепи со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил е познато дека се преселија во Сад, каде што тој таму и почина.
Ава сега е успешна на неколку полиња, вклучувајќи го и танцот, ќерката е мажена и има 3 дечиња, а синот важи за вистински убавец. Тој е доктор по професија, изгледа многу убаво и доста е успешен.