Фолк ѕвездата не ја гледаме често во вакви ситуации кога е со семејството
Зад камените ѕидини на вилата кај стадионот „Црвена ѕвезда“ се крие раскош каков што не можете ни да си замислите
Нејзината куќа стана вистинска туристичка атракција и сите знаат каде се наоѓа, но малкумина виделе како изгледа однатре.
Светлана Цеца Ражнатовиќ важи за една од најпопуларните пејачки во регионот и пошироко, а зад себе има повеќе од 30 години кариера и големи хитови.
Во бракот со Жељко Ражнатовиќ Аркан доби две деца, синот Вељко, кој се занимава со бокс, и ќерката Анастасија, која тргна по стапките на мама. Она што сите го знаат е и каде се наоѓа и како изгледа нејзината велелепна вила.
Сместена во срцето на Белград, на Дедиње, на познатата улица „Љутица Богдан“, се наоѓа огромна градба опкружена со големи ѕидини, па така приватноста на семејството е обезбедена, бидејќи никој не може да види што се случува зад нив.
Некогаш во склоп на нивната куќа имало слаткарница, која ја држел покојниот сопруг на Цеца, а која сега е затворена. Пред свадбата на Вељко со Богдана, пејачката го променила влезот во дворот, каде што сега се наоѓа висока, црна капија, со златна буква „Р“ на средина, која ја означува првата буква од презимето на семејството.
Покрај Светлана, нејзините деца и внукот, во куќата со неа живее и сестрата на пејачката Лидија, со сопругот и децата. А зошто да не, кога самата квадратура на куќата е огромна, па секој од нив има свое катче.
Интересно е што на врвот на вилата има затворен базен кој семејството го користи во текот на целата година, а пејачката дури и се фотографирала во него за некои модни едиторијали.
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ не ја пропушта можноста да ги помине слободните моменти со своите најблиски.
Имено, во петнаесеттата епизода од емисијата „Цеца шоу“, која ќе се емитува во петок, ќе имате можност да погледнете како Цеца на својот внук, малиот Жељко му приреди спектакуларно изненадување при отворањето на подарок.
Освен семејството и пријателите, Цеца собра и група аниматори облечени во новогодишни костими, а малиот Жељко беше воодушевен.
– Дојдов на идеја прво да се почестам себеси и моите пријатели – вели Цеца.
И малиот Жељко го доби својот прв музички инструмент, а во еден момент и самата Цеца беше дел од шоуто што го организираа магионичарите Пикси и Зека.
Новогодишен „бакнеж“ случајно падна при изведување на трик со карти, а главна актерка беше Ражнатовиќ.
Имаше мноху смеа, добра забава и многу убави подароци, а Цеца не ја пропушти можноста да се испроба во разни магични трикови.
Фотографиите од празничната еуфорија во домот на Цеци погледнете ги во галеријата подолу: