Конечно се огласија од сплавот „Фристајлер“ по неговото потонување: Eве што одлучија по инцидентот во текот на новогодишната ноќ

0

„Фристајлер“ бил регистриран за 220 лица, а на сплавот во текот на новогодишната ноќ имало минимум 400 лица, но се претпоставува дека биле присутни 500, но дури и до 600 лица, неофицијално дознава српски „Курир“.

Инспекција, УКП и обвинителството спроведуваат истрага, а официјални и конечни резултати нема. Меѓутоа, како што дознава српски „Курир“, на популарниот сплав на кој само „пукнал“, никој не настрадал, а на него имало меѓу 400 и 600 луѓе.

Божидар Јагодиќ, началник на Одделението за инспекција на безбедноста на пловидбата при Министерството за градежништво, транспорт и инфрастуктура за „Курир“ вели дeка дозволено било „Фристајлер“ да прими максимално 220 луѓе.

„Сплавот е регистриран за 220 луѓе наjмногу, а колку навистина имало таму за новогодишната ноќ не знаеме и нема да изнесуваме претпоставки затоа што истрагата во соработка со УКП и обвинителството е во теk. Сè уште се утврдува колку луѓе имало таму и сè уште се собираат дополнителни информации, па во овој момент не можеме да тврдиме колку лица навистина имало на сплавот во моментот кога истиот почнал да тоне“, изјавил Јагодиќ.

Тој додал дека ова и минатото лето тие биле во редовна контрола на „Фристајлер“.

„Во текот на тие контроли не најдовме недостатоци. Контролите не ги правевме навечер само ја контролиравме неговата опременост, состојба и објектот целокупно. Можно е во овој случај преголемиот дел на посетители да е причината за потонувањето, но сè уште официјално не знаеме. Од искуство знаеме дека сплавот тоне затоа што е преоптоварен или товарот на е рамномерно распореден, а најчеста причина е комбинација на тие два фактори“, навел Јагодиќ, па додал:

„Со оглед на тоа што локалната самоуправа е надлежна за издавање дозвола за поставување пловечки објекти, контролата на почитување на дозволата мора да ја спроведе надлежната локална комунална инспекција. Сведоци сме дека тие контроли не ги спроведува Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура и нашето Одделението за инспекција на безбедноста на пловидбата ќе инсистираат локалните инспекции да ја зголемат таа контрола, а секако дека и сами ќе се вклучиме во контролата и ќе ја известиме јавноста за тоа“.

Популарниот сплав „Фристајлер“ до половина потонал за време на новогодишната ноќ. Очевидци на драмата што се одвивала во популарниот клуб велат дека водата почнала да се крева десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се искривил, почнала паника и почнало бегството кон излезот.

Од безбедносни причини, околу објектот биле поставени огради, а влезот во сплавот бил забранет.

Билетите за новогодишната ноќ на популарниот сплав се продавале со денови однапред, а нивната цена се движела од симболични 25 евра до астрономски 2.900 евра.

Точната причина поради која потонал сплавот ќе ја утврди истрагата на Капетанијата, увидот за безбедност на пловидбата, полицијата и Обвинителството. Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, одговарајќи на прашања на новинарите за време на посетата на првороденото бебе, рекол дека не бил на лице место, но дека слушнал дека „сплавот примил два до три пати повеќе луѓе од дозволениот број“.

„Сплавот „Фристајлер“ нема да работи поради годишниот одмор и новонастанатата ситуација“, пишува на официјалната страница на овој клуб.

Тие се огласиле откако вчера следело апсењето на тројцата вработени во „Фристајлер“.

Да ве потсетиме, вчера беа уапсени менаџерот Д.В. (46), директорот М.Р. (51) и сопственикот којшто е грчки државјанин М.Л. (51).

Во акцијата учествувале полицијата и Третото основно обвинителство во Белград.

Тие се осомничени дека на 31 декември 2022 година на сплавот овозможиле присуство на поголем број лица отколку што бил капацитетот на овој објект којшто поради тоа со еден дел потонал и на тој начин ја загрозил безбедноста на поголем дел од луѓето, се наведува во соопштението на српското МВР.

Нив им било одредено полициско задржување, а утре ќе бидат сослушани во Обвинителството.

Да ве потсетиме, кога неколку минути по доаѓањето на 2023 година сплавот почнал да тоне, гостите и вработените почнале да бегаат, оставајќи ги своите работи зад себе.

За среќа во инцидентот нема повредени, а работите биле изнесени пред „Фристајлер“ и луѓето пошле таму да си ги побараат оние кои им припаѓаат. Меѓутоа, имало и такви кои зеле тоа што повеќе им се допаѓа, па така вистинските сопственици на тие работи останале без нив.

Претходна статијаНевидена атмосфера во Ѕвездите на Гранд – Таткото на еден од учесниците имаше што да му каже на Босанац
Следна статијаКоја е струмичанката Ангела за која Македонците стискаат палци на „Sвездите на Гранд“