Беше миленик на целиот Балкан. Го сакаше и старо и младо. Одеднаш замина, но споменот за него, благодарение на неговата музика, нема никогаш да замине!
Единствената книга за животниот пат на Тоше Проески, кој на 5 октомври во 2007 година го одржа својот последен концерт во Скопје, ја има напишано новинарката Соња Алексоска- Неделковска. Книгата се вика „Ова не е крај“.
„Ова не е крај“ е приказна во која се раскажани сегменти од неговиот живот низ сведоштвата на неговите најблиски, од неговото раѓање и блескавата кариера.
Во книгата има фотографии од Тоше од неговиот приватен албум, од детството, од првите чекори на снегот, но и од првите настапи, концерти, фотосесии.
Читателите имаaт можност да дознаат за почетоците на кариерата на македонската легенда, за првите настапи и првата отпеана песна“, објави во една прилика Сакамкниги.мк
Како се одвиваше неговиот професионален музички пат, спомени споделуваат македонските автори, изведувачи и продуценти, претставници на медиумите, како и познати имиња од светот на класичната музика и од спортот.
За кариерата на Тоше во Србија свои искуства споделуваат неколку музички соработници и изведувачи и неколку познати српски новинари. Како Тоше ја освои Хрватска и Балканот открија повеќе значајни личности од тамошниот музички пазар.
Светски автори го споделуваат искуството за соработката со нашата легенда при снимањето на албумот „The Hardest Thing”“, пишува на страната на Сакам книги, каде што е споделен и цитат од Тоше кој вели:
Да имам огромна моќ, па макар и за кратко, ќе направам да исчезне омразата и злото, а луѓето меѓусебно ќе си делат само љубов. Тоше Проески
Новинарката секојдневно слуша нови случки кои ѝ потврдуваат колку Тоше Проески беше посебен. Таксист што растел во Домот за деца без родители неодамна ѝ раскажал дека речиси секоја недела Тоше им одел во посета“, објави Факултети во една прилика.
Неделковска, која е инаку сопруга на текстописецот Огнен Неделковски, за естрадниот магазин “Бекстејџ”зборуваше за првите средби со Тоше, односот новинар, соговорник, за интервјуата,ексклузивите кои Тоше и ги дал.
Исто така, таа кажа и за ветувањето кое си го дала себе си дека веќе нема никогаш да напише нешто за Тоше но сонот менува се, за тоа колку енергија и невиност носеше во себе“, а објави Прес24.мк Во една прилика, Женски магазин објави извадок од оваа книга.
– Додека вртењето на стрелките на часовникот ја распаруваа спокојната тишина во мојата соба, размислувам како да успеам да ја натерам солзата да не тргне повторно од моето око. Ги пишувам последните страници од книгата „Ова не е крај“.
Се обидувам да удирам на тастатурата во ист ритам со часовникот. После неколку испишани редови, погледот ми се замагли.
Солзите повторно ја добија битката. Како ранет вој ник, осамен, безнадежен, ги затворив очите и во мислите ти се обратив:
„Ех, Тоше, кога би можел сега да ми пратиш некој знак, да ми кажеш каков да биде крајот… Потонав во сон. А, во него ти. Како се вика книгата?“, ме прашуваш.
„Ова не е крај“. „Не ми се допаѓа насловот“. Твојата гласна насмевка го прекинува молкот. Се шегувам, ми велиш и почнуваш да ги собираш испишаните листови бела хартија, расфрлани околу нас.
„Што бараш?“ – те прашувам. „Ги барам листовите во кои ти ме опишуваш мене. Тоа ми е многу битно“. Еве ги. Му подадов еден од нив на кој го имав напишано следново:
„Ќе му го дофатев погледот што луташе во сликата на телевизорот или во аглите на белите ѕидови.
Погледот му беше наивен, но никогаш безначаен Неговиот ум имаше моќ да ги забележува и најситните детали, да ги складира сите зборови, да ги запишува настаните што вртоглаво се менуваа во неговиот животот.
Набљудуваше со голема остроумност, ги сфаќаше темелно нештата, ја откриваше и внатрешноста на луѓето покрај себе.
Но, ретко ги откриваше своите забелешки, само пред одбраните, на кои најмногу им веруваше. Личноста му беше опкружена со таинственост.
Интровертноста како црта од неговиот цврст карактер, ненаметливо будеше кај луѓето стравопочит. Очите му беа огледало на душата. Но, ретко кој можеше да ја прочита пораката што ја испраќаа“.
„Ова, го напиша за мене? Ми се допаѓа и тоа многу.“ Пред да си замине ме погледна, значајно. „Немој да пишуваш дека пог инав во собраќајна нес реќа, дека повеќе ме нема.“
Се разбудив со големо олеснување. Веќе беше 4 часот наутро. Почнав побрзо да чукам на тастатурата и од движењето на стрелките од часовникот“, напишала авторката на оваа книга за Тоше.