Бобан Рајовиќ воодушевен од пречекот во Скопје, сподели видео од редот пред вратата на локалот и напиша: Ова е неверојатно (ВИДЕО)

0

По подолга пауза кога се во прашање настапите во Скопје, Бобан Рајовиќ викендов гостуваше во Скопје.

Инаку пејачот е среќно оженет скоро 30 години, а сопругата ретко ја покажува во јавност. Драгана Рајовиќ е вистинска природна убавица.

Драгана и Бобан се во брак 29 години и имаат три деца; ќерката Ивана и Анѓела, и синот Андреја: а иако ретко се гледаат заедно во јавност, сопругата на пејачот му е најголемата поддршка.

Неговите наследници станаа успешни луѓе, но пејачот за прв пат призна дека неговата популарност не им паѓа лесно за нив.

Едната ќерка на Бобан работи во Министерството за внатрешни работи во Данска, другата завршила училиште во Америка, каде игра и тенис, а најмалото дете, синот Андрија, е посветено на фудбалот.

Рајовиќ раскажа што се случило кога неговиот син започнал да спортува, бидејќи тој му бил неговиот татко.

„Мојот син Андрија имаше отежнувачка околност кога станува збор за играњето фудбал затоа што јас сум неговиот татко.

Сакав медиумиски да се откажам од него затоа што многумина сметаа дека гради кариера преку моето име. Неколку пати ме молеше да не доаѓам на натпреварите да го бодрам, за неговите соиграчи да не го толкуваат погрешно моето доаѓање.

По подолга пауза кога се во прашање настапите во Скопје, Бобан Рајовиќ викендов ни пееше во овој град.

Еден час пред почетокот на настапот во најголемата тамошна дискотека, и тој и сопственикот на клубот останале воодушевени. Имено, поради големиот простор оваа дискотека долго време не беше полна, а токму тоа се случи и за настапот на Бобан Рајовиќ.

Како што се вели, две илјади билети биле распродадени, а голем број луѓе останале пред клубот.

– Не знам дали знаете дека синоќа ја заклучија вратата од клубот, бидејќи веќе никој не можеше да влезе – е еден од коментарите на профилот на Инстаграм на еден од гостите на клубот.

Колку и да беше воодушевен од гостопримството, и самиот Рајовиќ покажа коментар на снимката од настапот.

– Ова уште не сум го доживеал… Неверојатно е како ме пречекавте. Да сте живи и здрави, ви благодарам за сета оваа љубов. Немам зборови, едвај чекам да се видиме повторно, а како што слушнав ќе биде многу наскоро! – напиша Рајовиќ на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boban Rajović (@rajovicboban)

Претходна статијаКристина Костова околу пластичните кеси кои од денес чинат 15 денари парче
Следна статија„Karen“ – новото издание на македонскиот електронски ДЈ/Продуцент Аvensis