„Karen“ – новото издание на македонскиот електронски ДЈ/Продуцент Аvensis

0

Електронскиот ДЈ/Продуцент Avensis повторно не почести со ново и уникатно издание, насловено на темата “Karen” кое што е издадено од страна на издавачката куќа 2Dutch.

Издавачка куќа која што се наоѓа во Eindhoven, Netherlands ( Холандија ) и веќе имасоработувано со компании, брендови и артисти како што се: Warner Music Group, Sony Music, Universal Music, ID&T, Interscope, SPINNIN, Musical Freedom, DIM MAK, OWSLA,Tiesto, Chris Brown, David Guetta и многу други.

Подршката на радио емисии од страна на други артисти и продуценти од целиот свет за “Karen” е неверојатна и со сигурност може да кажеме дека ова издание претставува нешто што не секојдевно може да го слушнете или најдете!

Вокалот и текстот е од страна на шведскиот вокалист Sara Kopri (Шведска). Avensis веќе имаше соработувано со овој вокалист на своето издание “Say That You Are Mine”, а целосната продукција е од страна на Avensis и неговиот пријател и истотака продуцент на ова издание Aerix (Норвешка), Avensis и Aerix претходно имаат соработувано и резултато е успешни соработки!

Извонредна и светска продукција која што дефинитивно ги поместува границите на македонската електронска-денс сцена! Слушнете и уживајте!

 

Претходна статијаБобан Рајовиќ воодушевен од пречекот во Скопје, сподели видео од редот пред вратата на локалот и напиша: Ова е неверојатно (ВИДЕО)
Следна статијаПејачот ќе се жени овој месец, еве каде ќе биде свадбата и кој сè ќе присуствува, се огласи и таткото на невестата