Јавноста го памети од „Ѕвездите на Гранд“, а тој сега пее за Магде – младиот Александар Tемелков има нова песна (ВИДЕО)

0

Младиот фолк пејач Александар Темелков, пошироката публика го запозна по учеството во неколку регионални музички натпревари меѓу кои и „ѕвездите на Гранд“.




-Во Sвездите на Гранд, ова ми беше трет настап. Стигнав до осмина финалето и максимално сум задоволен од моето претставување, иако секогаш може подобро, рече Александар за Галама.

Тој полека но сигурно ја гради својата кариера. Има веќе има неколку авторски песни позади себе и е блиску до реализација на својот прв албум.




-Многу млад започнав да пеам, на само две години, а мојот прв настап беше на 7 годишна возраст, кај оперксиот пејач Борис Трајанов, на негов концерт, вели Темелков.

На нашето прашање дали има семејна традиција за пеење, Александар за Галама вели дека нема такво нешто во неговото семејство, тој е прв кој влегува во музичките води.




„Ах, мори Магде“ е неговата најнова песна за која стиховите ги напишала младата Ангела Стрезовска, а музиката и аражманот се на Славко Ристески.

Песната е снимена во студиото „Просаун продакшн“ во Прилеп, а трубата во песната ја свири познатиот Филип Нуне.




Александар под покровителство на „Ин продукција“ сними и видеозапис за оваа песна, која деновве го промовираше во етерпот и на Јутјуб каналот.

 

Претходна статијаСе огласи синот на Марина Tуцаковиќ и раскажа се за наследството (ФОТО)
Следна статијаКонцерт на триото „Анимато“ во „Даут Пашин Амам“