Блага Петерска е една од нашите најпочитувани пејачки на фолк музика, чија кариера трае со децении и нема којбар еднаш не се развеселил на изведбите на Блага.
Но, веселата пејачка има една животнма тага со која таа многу храбро се носи. Кога била многу млада, таа го загубила сопругот, и останала сама да се грижи за децата. Блага никогаш не сакала да се премажи. Исто така, во јавноста никогаш не се појави со нов партнер, туку им беше посветена само на децата..
Низ годините, таа се соочувала со тешки животни предизвици за кои многу ретко зборувала во јавноста. Била многу млада кога си заминал нејзиниот сопруг и никогаш повторно не се омажила.
– Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што тие многу го сакаа татка си. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет.. Така и бидна.
Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија која сега е права Македонка. Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство.
Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“, има изјавено Блага во едно интервју за Свет Австралија.
Минатата година, Блага освои награда на фестивалот „Еврофест“. Блага доби награда Гран При. Таа испеа песна која според многумина е автобиографска и се вика „Свени ми, свени Невене“. Но, освен Гран При, Блага ја наградија и за најдобрта интерпретација.
За ваква песна и за вакво грло, тоа е заслужено. Низ оваа песна, таа си ја отвори душата.
Нејзиниот син Олег Кондратенко, и снаата Ана која е од Русија, се истакнатаи музичари и заедно работат на образование на млади виолинисти. Во интервју за Факултети.мк, Ана, снаата на Блага има изјавено:
-Mорам да објаснам една работа за која многумина имаат погрешна претстава: кај еден музичар, посебно инструменталист, образованието почнува од најраната возраст.
Обично во Македонија децата почнуваат да свират виолина, клавир или виолончело на 7-8-годишна возраст. Кај мене во Русија најнормална возраст за први чекори на тие инструменти се 4-5 години..
Во Јапонија и во други азиски земји таа возраст се намалува до 2-3 години. Така, кога доаѓаме на приемни испити за високото образование, ние веќе зад себе имаме приближно10-15 години поминати во секојдневна работа по неколку часа дома и на најразлични настапи (концерти, испити и колоквиуми) – вели Ана.
Ана сподели слика од својата ќерка која наполни 15 години и напишала: Нашата радост и сонце има 15 години. Сликата ја споделила и Блага и за својата мила внука напишала: На мојата душа, мојата љубов среќен роденден и остани таква ПОСЕБНА.