Во јавноста, а особено на социјалните мрежи, се појави дилема, како е можно имунизирани луѓе да се упокојат од вирусот. Ова особено по вчерашната вест за заминувањето на Зафир Хаџиманов, кој на почетокот од овој месец објави дека се вакцинирал.
Иако многупати до сега е повторено дека имунитет не се развива преку ноќ, д-р Владимир Аврамоски, гастроентерохепатологот и Горан Кунгуловски, раководител на генетската лабораторија во болницата Жан Митрев, ги објаснија прецизно фазите на имунизацијата, односно, колку време после првата и втората доза се создава имунитет:
„За сите оние кои сакаат да се вакцинираат и за оние кои спаѓаат во вулнерабилна категорија… :
Значи вака, имунитетот почнува да зрее од 6-тата недела на првата доза од примената вакцина за SARS-CoV2 или најмалку 3-тата недела после втората доза.
Сите оние кои имаат прележано COVID-19 и сакаат да примат една доза, после примена една доза на вакцина бележат робусен и брз имун одговор против вирусот, а одредена популација која е физички активна, жилава и млада исто така развиваат брз и квалитетен имун одговор.
Што ми е зборот? Периодот дури зрее имунитетот е вакуум период во кој инфекциите се можни, т.е. развој на болеста COVID-19. Одредени вакцини имаат различен процент на заштита, сите тоа веќе го знаете….
Според последното известување од рускиот Ростребнадзор, лицата кои имаат имунитет или пак се вакцинирани сепак мора да водат сметка со носење на маски кога одат во посета на домовите кај оние кои спаѓаат во вулнерабилна категорија и немаат имунитет, а потоа да проветруваат! Делува АПО КАЛИПТ ИЧНО, но тоа е тоа!
Мора сите ние да водиме сметка со цел да ги изведеме сите оние кои се вулнерабилни на прав пат, со помалку жртви се разбира…
Досега многу е напишано на оваа тема, дајте да бидеме мудри, нема друго… Откако ќе постигнеме имунитет по природен или вештачки пат со вакцини, конечно да се прегрнеме и брзо да итаме напред во нормала“, напиша д-р Аврамоски.
„Што значи ефикасност на една вакцина? Ајде да земеме ефикасност против појава на симптоматска болест.
Имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани луѓе. Ако 5 од вакцинираните развијат симптоматски COVID-19 и 100 од невакцинираните развијат симптоматски COVID-19 тоа значи дека вакцината има 95% ефикасност.
Ајде да земеме ефикасност против појава на см рт. Имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани луѓе. Ако 0 од вакцинираните починат од COVID-19 и 100 од невакцинираните поч инат од COVID-19 тоа значи дека вакцината има 100% ефикасност.
Вакцините на Pfizer/BioNTech и Moderna имаат ~95% ефикасност против симптоматска болест, вакцините на Astra Zeneca и Јohnson&Johnsson имаат ~70% ефикасност против симптоматска болест после една доза.
Спутник В има најверојатно ~90% ефикасност против симптоматска болест, додека пак вакцината Синофарм има ~70% ефикасност против симптоматска болест. Ефикасностите се пресметани најмалку 3 недели до 8 недели после примање на првата доза.
Вакцините Pfizer/BioNTech, Moderna, AstraZeneca, Јohnson&Johnsson, Sputnik V и Sinopharm имаат 100% или блиску 100% ефикасност против смрт од COVID-19.
Затоа вакцинирајте се со првата вакцина што ќе стане достапна за да не умрете. Вакцините почнуваат да делуваат најрано 3 недели после примање на првата доза и понатаму ефикасноста им се зголемува.
Да научиме од србите: не треба да се чувствуваме сигурно и одиме по кафани прв или втор ден после примање на вакцина. По кафани на отворено или домашни собиранки само после примање на предвидените дози од вакцините и само со вакцинирани или претходно заразени луѓе“, напиша Горан Кунгуловски.