Огнен Здравковски, кој во Србија и пошироко се прослави по учеството во „Звезде Гранда“.
Откако настапи со својата мајка Софче во шоуто „Никад није касно“, неодамна беше повторно во Белград.
Огнен објави фотографија со познатиот пејач, срцекршачот на женските срца, Саша Ковачевиќ и напиша: Братот најубав, Саша Ковачевиќ.
Откако засекогаш си замина неговиот ментор и вујко Зоран Џорлев, пејачот Огнен Здеравковски рече дека сите настапи ќе му ги посвети нему, на познатиот музичар и виолинист.
Загубата на Зоран Џорлев ги најде затечени многумина, неговите пријатели, музичари, колеги, а најмногу семејството. Тие се скршени од болка.
За прв пат во јавноста, во интервју за Бекстејџ, со солзи во очите, неговиот внук Огнен Здравковски зборуваше за загубата на својот вујко и болката по неговото заминување.
„Велат дека времето лечи се, ама тоа не е точно. Болката не може да се заборави, цел живот ќе ја носиме со нас.
Ќе чекорам по неговите стапки, ќе одам по патот по кој што одеше тој и ќе гледам успешно да ја продолжам неговата традиција.“ – рече Огнен во интервју за „Бекстејџ“.
Мојот најголем идол, мојот животен ментор, мојот втор татко, мојот МАЕСТРО, моето се…. Зошто…? Зошто волку рано, не се договоривме вака…?
Не знам што, а и не можам ништо друго да напишам во овој момент, само ќе ќажам дека од денес мојот живот никогаш нема да биде ист…ЌЕ ТЕ САКАМ ЗАСЕКОГАШ, ИМАЈ ЦАРСТВО НЕБЕСНО“, напиша Огнен тогаш.
Тој најде начин како да го сочува својот вујко од забравот, па го истетовира неговиот лик со виолината на својата рака, и ја објави таа емотивна фотографија на социјалнитре мрежи, пишувајќи дека ќе го има засекогаш блиску до себе.
Огнен е добар пријател со пејачот Александар Тарабунов. Прерходно пишувавме за едно интересно ТВ гостување на Тарабунов, кога тој искоментира како с претставувал кога како мал го прашувале како се вика.
Интересен податок кој го имаше водителката и му го постави како прашање на Тарабунов, е дека во детството Тара се претставувал како Александар Тарабунов Македонски. Еве што одговори Александар:
-Мојот татко работеше во Македонската радио телевизија. Тој можам да речам дека ми наметна да се чувствувам како Македонец и јас го додадов тоа Македонски на името и презимето, така се претставував.
Бидејќи бев мал, кога ќе ме прашаа како се викаш, многу симпатично изгледаше мојот одговор: Александар Тарабунов Македонски. Инаку таткото на Александар, Ванчо Тарабунов е познат исполнител на Македонски народни и патриотски песни.
Тара и Огнен објавија интересно, боемско видео во кое пеат заедно. Тара и Огнен ја викаа: Med i slatko groždje од Никола Роквиќ.
Тара ја свиреше на гитара и пееше, Огнен го следеше, двајцата музичари супер се опуштија со стиховите на оваа позната кафанска песна.
Сега, кога рестораните ограничено работат, Огнен и Тара си направиле домашна кафана, па освен со гитара и со добра песна, на видеото се гледа дека има и мезе.
Огнен со радост го објави ова видео и напиша: Во два гласа заедно со братот мој Александар Тарабунов ! После 3 месеци, да пуштам глас…“, рече тој.
Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин