Сега ми е важно само да се разбудам наутро и да помине уште еден ден: Владо Јаневски инспириран за изненадувања

0

Владо Јаневски на 16 март во 2019 година година прослави 25 години кариера, со голем концерт во А1 Арената. Оттогаш, пејачот и автор е послабо активен на сцената, а и на социјалните мрежи, освен што од време на време ги изненадува фановите.

-Сé уште ми е живо сеќавањето како на 20. и нешто години мечтаев да можам да го правам ова што сега го правам, па кога конечно видов дека ми се отвора вратата кон тој свет заради брзиот успех со “Ластовица” едноставно експлодирав со ентузијазам, мерак и чувство дека се случува почеток на нешто големо во мојот живот.

Веројатно тaа моја внатрешна катарза се манифестирала кон надвор, кон публиката, во форма на благодарност кон нив затоа што купуваат мои албуми и влезници за мои концерти и го прават остварувањето на моите соништа возможно.

Таа синергија со мојата публика на емотивно ниво низ песните, и енергетско низ настапите секогаш ме фасцинирала како необјаснив феномен за кој чувствуваш дека се случува – а не знаеш како и зошто. Човек мора да е благодарен кога тоа ќе потрае 25 години“, изјави Владо во едно интервју за „Екран“.

Во интервју за Опсервер.мк Јаневски сподели една интересна мисла. Имено, тој откри дека веќе не му е престиж да го сакаат надвор од Македонија.

– Да ме прашавте пред 10 години ќе ви кажев дека тоа е да ме сакаат во Белград, во Загреб, во Љубљана, да правам 50 концерти годишно наместо пет. Но денес, не. Сега ми е доволно само да се разбудам наутро и да помине уште еден ден, а од утре ќе размислувам за понатаму.

Толку сум сконцентриран на сегашноста, што ги отфрлив сите планови за иднината. Годините и искуството ме научија дека „ако сакаш да го насмееш Господ само кажи му што планираш.

Немам апетити да настапувам надвор од Македонија“, изјави Владо претходно, но сега тој интензивно снима и настапува во Хрватска.

Владо на една промоција рекол дека тој не е како Џорџ Клуни, кој изјавил дека нема да се жени, па го прекршил зборот. „Јас навистина нема да се женам“, рече Јаневски. Тој неодамна даде интервју за 24info.mk, во кое се навреди за едно прашање:

– Малку е невкусно од човек на 60 години барате да зборува за девојки и ергенлак, не ви се чини?

Моите сфери на интерес во последниве 10-ина години се далеку од тие теми, иако љубовта како појава и сѐприсутна мист ерија во нашите животи била, и секогаш ќе биде тема на моите песни преку кои комуницирам со светот и креативно се изразувам“, рече Владо.

Пејачот во повеќе интервјуа изјави дека генерално слабо се дружи со луѓе, научил да му биде забавно сам со себе, а неговата куќа ја вика тврдина. Јаневски е познат по тоа што пишува најубави љубовни стихови.

Изгледа дека пандемијата го иснпирирала Владо повторно да твори, па тој најави нова песна која ќе се пушти премиерно на 4 април, и тоа на радиото Буба мара. Останува да видиме каква љубовна песна во време на пандемија напиша Владо.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСпасов: Оставете Бугарија, сега пасоши за пари даваат од Велика Британија до Црна Гора
Следна статија(ВИДЕО) Двајцата наши познати пејачи си направија домашна кафана, со мезе со сè и си викнаа песна