Георгиевски денес доби прашање и одговори како ќе се изјасни на пописот – како Македонец или Бугарин

0

Веќе цела недела, македонската јавност, освен со тековните политички случувања, се занимава и со статусот на поранешниот премиер на Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, кој во пет точки даде предлози за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој ден потоа, им фрли ракавица на сите историчари и новинари за дебата, во која би ги коментирале неговите ставови. Еден од ретките кои ја прифати неговата понуда, беше Петар Богојески, лидер на Македонски концепт. Тие двајцата имаа дебата на ТВ 24.

Фото: Јутјуб принтскрин

Денес Георгиевски гостуваше на Канал 77 кај водителот Столе Наумов. Љубчо Георгиевски во емисијата во која се вклучија и историчари, повторно повтори и дообјасни некои од неговите тези.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Што е проблем да кажеме дека во времето на Османлиската империја, во сите македонски организации официјален јазик за користење бил бугарскиот. Тогаш секој знаел да пишува бугарски.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тоа е тајна во Македонија, никаде не е напишано, дискутирано. Тука е проблемот, ако го криеш, се поставува прашањето зошто го криеш. Арапскиот јазик е официјален во Турција до реформите на Ататурк. Турците тоа не го кријат денес, рече Георгиевски.

Фото: Јутјуб принтскрин

Треба да си признаеме, да биде еден вовед, замена за бугарската теза. До пред кодифицирање на македонскиот јазик, македонската интелигенција официјално го користи бугарскиот јазик.

Фото: Јутјуб принтскрин

Отвораш еден документ на ВМРО, сите се напишани на официјален бугарски јазик. Значи сите тие, писмата на Гоце Делчев, независно, сите писма на Делчев се на официјален бугарски литературен јазик, изјави поранешниот премиер на државата.

Фото: Јутјуб принтскрин

Георгиевски вели дека во македонското образование овие историски факти се избегнуваат и не се наведени, со ретки исклучоци во некои стручни книги, но како генерално знаење тоа не постои.

Фото: Јутјуб принтскрин

Јас не имплицирам ништо со тоа, а често слушам дека во тоа време немало избор и затоа се користел бугарскиот јазик. Тоа не е точно, избор постоел. Српски, грчки, турски и бугарски јазик можело да се избере, а Македонците го избрале бугарскиот како официјален во нивната комуникација, додаде Георгиевски.

Фото: Јутјуб принтскрин

„Во времето на Османлиската Империја, во сите организации кои постоеле и македонски револуционерни и нереволуционерни, граѓански и црковни официјален јазик за користење е бугарскиот јазик и писмото“, рече Љубчо Георгиевски во гостување на „Стадион“ на Канал77.

Фото: Јутјуб принтскрин

Георгиевски додаде дека во тоа време граѓаните само пишувале на бугарски јазик.

„Треба да си признаеме, тоа да биде еден вовед на нивната теза, да кажеме дека до пред кодифицирањето на македонскиот јазик, македонската интелигенција, македонските револуционерни организации официјално го користеле бугарскиот јазик и писмо“, нагласи Георгиевски.

Фото: Јутјуб принтскрин

Георгиевски посочи дека документите, статутот и командите на тогашно ВМРО се пишани на бугарски јазик.

„Писмата на Гоце Делчев независно од содржината дали се изјаснувал вака или така, Гоце Делчев има и општи писма, дава наредба ти оди таму ти оди ваму, Гоце Делчев има 30-тина лични писма сите се пишани на официјален литературен бугарски јазик.

Фото: Јутјуб принтскрин

Ѓорче Петров има и книги кои се напишани на официјален бугарски јазик. Да не зборуваме дека илинденски востаници и команданти има 120-130 книги на спомени кои што ги имаат напишано луѓе, комити кои што се бореле, на бугарски јазик“, истакна Георгиевски.

Фото: Јутјуб принтскрин

При вклучувањето на историчарот Тодор Чепреганов во емисијата, тој се согласи со оваа теза на Љубчо Георгиевски, дека нашите дејци од тоа време го корсителе бугарскиот јазик.

Фото: Јутјуб принтскрин

Но Чепреганов нагласува дека бугарите морале, а за учениците на овие простори било тешко да го учат бугарскиот јазик и тежнееле кон македонско писмо.

Во емисијата беа вклучени и гледачи. Еден од нив постави интересно и директно прашање до Љубчо Георгиевски: -„Господине Георгиевски, како ќе се изјасните на престојниот попис, како Бугарин или како Македонец?“, праша гледачот.

Љубчо Георгиевски одговори дека тој е Македонец и ништо друго. Така да, како што кажа, за него во ниту еден момент немало дилема околу неговата национална припадност која секогаш била и ќе биде – Македонец.

Претходна статијаТатјана објави видео како Битолчани се веселат за 8. март – со ора со музики со сè
Следна статијаСнеже Велков со сукало во рака, порача што треба да се прави