Најверојатно шестпати повеќе од официјалната бројка на регистрирани случаи, биле заразени во Италија, пишува Ројтерс. До ваквите сознанија е дојдено по резултатите од тестирањето на антитела кое го спроведувале агенцијата Истат и Министерството за здравство. Во него биле опфатени 64660 лица од сите делови на земјата.
Според официјалните податоци на италијанското министерство за здравство, регистрирани биле 248229 случаи на новиот корона вирус, а од нив поч инале 35166 лица.
Во текот на истражувањето и тестирањето на антитела забележани се големи регионални разлики во бројот на заразени. Во регионот Ломбардија, каде епидемијата изби во почетокот на февруари, на антитела биле позитивни 7,5 отсто од жителите, додека пак на Сицилија само 0,3 отсто од жителите имале антитела.
Според истражувањето, речиси 30 отсто од позитивните на антитела никогаш немале ниту еден од симптомите за ковид-19, и поради тоа се смета дека вирусот пребрзо се ширел во земјата.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во понеделникот предупреди дека, и покрај големите надежи кои се полагаат во пронаоѓањето вакцина против новиот коронавирус, можеби никогаш нема да има „чудотворно решение“ за болеста којашто тој ја предизвикува, како и дека враќањето на општествата во нормалата ќе биде долго.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус и шефот на одделот за вонредни сосојби Мајк Рајан, инсистираат државите строго да ги спроведуваат епидемиолошките мерки, како што се носењето маски, одржување на социјалната дистанца, редовното миење на рацете и тестирањата на Covid-19.
„Пораката за луѓето и владите е јасна: Сторете го сето тоа“, изјави Тедрос на виртуелната конференција за медиумите во седиштето на оваа органиција којашто делува во рамките на Обединетите нации во Женева. Заштитните маски, порача челникот на СЗО, би требало да станат симбол на солидарноста ширум светот.
„Поголем број вакцини се во третата фаза од клиничките испитувања и сите се надеваме дека ќе имаме повеќе ефикасни видови вакцини коишто би помогнале во спречувањето на заразата. Меѓутоа, засега нема чудотворно решение и можеби никогаш нема ниту да го има“, рече Тедрос.
Челникот на СЗО призна дека постои стравување дека нема да имаме вакцина којашто е ефикансна, или заштитата од болеста ќе биде само краткотрајна и ништо повеќе, но дека тоа нема да се знае сѐ додека не завршат клиничките испитувања.
Мајк Рајан истакна дека земјите со голема стапка на пренесување на болеста, меѓу кои се и едни од најнаселените како Бразил и Индија, мора да се подготват за „голема битка“, како и дека „патот е долг“ и бара „непоколеблива доследност“.