На граѓаните на Њујорк не им се верува – има предлог парковите да се користат како вечни почивалишта

0

Њујорк и Њу Џерси се најпогодените држави во Америка од Корона вирусот. Во државата во која живеат многу македонци, Њу Џерси, бројката до денес се искачи на преку 40 илјади заразени и преку илјада поч инати.

Предвидувањата за Њу Џерси, според гувернерот Фил Марфи се дека ќе се заразат меѓу 90 во најдоброто сценарио и 500 илјади луѓе во најлошото сценарио. Во Њујорк ситуацијата е уште полоша, а особено во најголемиот град, Њујорк Сити.

 

Потврдените случаи во САД се 363.000 заклучно со попладнево и скоро единаесет илјади поч инати. Многу болници низ САД се исполнети со целосен капацитет, а нови жаришта или потенцијалните жаришта изникнуваа во секој регион. Мапите со потврдени случаи покажаа жаришта од Атланта преку Нешвил до Индијанаполис.

Трамп во понеделникот наутро твитна „САД силни!“ и „Светлина на крајот од тунелот!“ со сите големи букви.

Но, новото испитување на јавното мислење на Универзитетот на Северна Флорида посочи дека гласачите во клучната држава за претседателски избори ја изгубиле довербата во претседателот.

Мнозинството од 53 отсто од жителите на Флорида во анкетата не го одобруваат справувањето со кризата од страна на Трамп, а 58 проценти изјавиле дека не му веруваат на Трамп „да обезбеди веродостојни информации за корона вирусот“.

Највисоки претставници на администрацијата издадоа координирана порака за време на викендот дека САД се соочуваат со тешки недели во времето што доаѓа.

„Ова веројатно ќе биде многу лоша недела“, рече д-р Ентони Фаучи, највисок експерт за заразни болести во земјата.

Во Њујорк, претседателот на здравствената комисија на градскиот совет предупреди дека мрто веч ниците се речиси полни.

„Наскоро ќе започнеме со „привремен прекин“, соопшти на Твитер советникот Марк Левин. „Ова веројатно ќе се направи со употреба на њујоршките паркови за погре бувања (да, читате точно). Рововите ќе бидат ископани за 10 ковчези по ред. Тоа ќе биде извршено на достоинствен, уреден – и привремен – начин. Но, тоа ќе биде тешко за њујорчани“.

Левин подоцна рече дека планот сè уште не бил пуштен во оптек. Градоначалникот Бил де Бласио им рече на новинарите: „Ние имаме капацитет за привремени пог ребувања – тоа е сè што ќе кажам.

„Не навлегувам во детали. Не мислам дека е супер работа да се зборува“.

Во главниот град на државата, Албани, гувернерот Ендрју Куомо се огради од идејата, велејќи дека нема да поддржи вакви планови.

Куомо објави дека бројот на за гинати од коронавирус во најтешко погодената американска држава се искачил на 4.758 од околу 131.000 регистрирани случаи, но додаде дека дневната вкупна смр тност била „ефективно рамна во последните два дена“, што претставува „ можно израмнување на кривата“ и врвот на појавата на заразата во Њујорк.

Куомо исто така извести за „анегдотски предлози“ дека hydroxychloroquine, лекот против маларија што го заговара Трамп, се покажал ефикасен во клиничките испитувања во градот. Тој рече дека конечни одговори за употребата на лекот во случаи на корона вирус ќе бидат потребни „неколку недели ако не и месеци“.

„Луѓето што ги изгубивме се луѓе што не можевме да ги спасиме“, рече тој.

Претходна статијаМаксим: Секој човечки живот е побитен од економијата, економијата се оживува, но човечкиот живот не се оживува
Следна статијаЗошто жените поретко заболуваат од Ковид19: Имаат посилен имунитет затоа што раѓаат или?