Во изминатите 24 часа, во Србија во регистрирани се седум нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 51 лице.
Од седуммината починати, петмина се мажи и две жени на просечна возраст од 64,2 години, додека вкупната смртност во однос на заразените изнесува 2,67 отсто, изјави на денешната владина прес-конференција членот на кризниот штаб, проф.д-р Предраг Кон, кој додаде дека 31 процент од смртните случаи се мажи и 12 процента се женски пол.
За разлика од вчера, денеска од 959 новотестирани, регистрирани се 284 нови позитивни случаи на заразната болест, со што вкупно заразени во Србија се 1.908 лица.
– Досега вкупно се хоспитализирани 1.082 пациенти, од кои 98 лица се водат како тешки случаи и ставени се на респиратор, истакна Кон.
Бројот на тестирни лица заклучно со денеска изнесува 7.360 лица, од кои заразени со коронавирус се 1.908 лица.
До крајот на мај ќе успееме да се избориме со новиот коронавирус, а од јуни ќе почнеме да се враќаме на нормалните животни текови, вели еден од најпознатите српски епидемиолози, проф. др Бранислав Тиодоровиќ.
Тој сепак појаснува дека можеби со почетокот на есента, новиот коронавирус повторно да нападне, но нема да биде волку многу силен, како што е сега.
-Никој, па ниту Србија не може да избегне нешто што е пандемија, нешто што се шири по цел свет. Тоа што ќе стигне во Европа не може да не заобиколи, па е многу логично да го имаме и тука.
Пандемијата за сега ја нема само во Африка, односно има импортирани случаи, но нема масовно заболување. Секаде каде што е премногу топло, го нема вирусот. Тој има масен штит, кој на топло се топи и така се иништува, а најмногу го убиваат ултравиолетовите зраци.
Се надеваме дека мај ќе биде топол месец, а најважни се ултравиолетовите зраци и УВ индексот да биде над 3. Така може да очекуваме дека во мај ќе дојде до нагло опаѓање на заболувањата и дека ќе влеземе во контролирано следње на епидемијата. Вирусот не ја трпи температурата под 0, но и онаа над 23 степени, вели професорот Тиодоровиќ.