Италија веќе неколку денови се наоѓа под строг карантитн, но епидемијата не стивнува. Вчера и денес се чини дека во таа земја се достигнува највисокиот пик!
Само денес се пријавени 3.5 илјади нови заболени и 175 почи нати, до овој момент. Вчера таа бројка беше 250. Ништо подобра не е ситуацијата ниту во Шпанија, Германија и Франција, а Иран е рамо до рамо со Италија во светски рамки.
Во Соединетите американски држави, бројката на заразени е 2500, но се чини дека таму допрва претстои пикот, доколку не зе забави ситуацијата со превентивните мерки кои се превземени.
Денес, американската администрација ги суспендираше и летовите од Велика Британија, па така, сега, целиот воздушен сообраќај од Европа кон Америка е во прекин.
Белата куќа објави дека Претседателот Трамп направил тест за Корона вирус, а резултатите ќе бидат познати утре или задутре. Тој изминативе денови имал многу средби на кои се ракувал со соговорниците, па затоа се подвргнал на тестот.
Но да се вратиме на почетокот. Италија веќе неколку денови е во целосен карантин, но бројката на заразени се зголемува. Не е ништо чудно, бидејќи периодот на инкубација е од 2 до 14 денови, велат епидемиолозите.
Благо смирување на стихијата во оваа земја, може да се очекува дури по две недели од воведувањето на целосниот карантин, периодот за инкубација кој треба да помине.
Нашите власти апелираат граѓаните да го гледаат овој пример и ситуацијата да ја сфатат крајно сериозно. Но, се чини дека овие зборови како да не допираат до нив. И денес сме сведоци дека кафулињата и улиците се преполни.
Многу нашинци од овие простори, кои живеат во Италија, преку социјалните мрежи, исто така апеллираа до граѓаните од Балканот да не се шегуваат. Тие исто така не ја сфаќале ситуацијата сериозно, се шетале од град во град, се однесувале како сè да е најнормално и им се случи ова што им се случи.
Поради тоа, се чини дека властите мораат да превземат поостри мерки. Нешто што денес министерот за здравство Венко Филипче и го најави, на својата утринска прес конференција.
Имено, се размислува да се затворат шопинг моловите. До министерот стигаат апели од сите страни, комплетно да се затворат и кафеаните и кафе баровите. Зар Корона вирусот не се пренесува од наутро до 18 часот, во време во кое тие сега работат, прашуваат граѓаните.
Како што нагласи министерот Филипче во едно иннтервју минатите денови, луѓе, не си играјте! Ситуацијата е крајно сериозна. Препораките едноставно мора да се почитуваат. Се работи за нашето и за здравјњето на нашите најблиски.
Петар П.