Доктор специјалист за коронавирус со препорака до луѓето: Немаме лек, само вака ќе ја одбегнете инфекцијата

0

Прочитајте многу внимателно! Овој вирус се шири во влажни капки кои се исфрлаат од заразениот преку кивање и кашлање. Но, тоа не значи дека ќе ве зарази воздухот! Но, сите површини на кои ќе паднат овие капки, претставуваат извор на зараза од два дена и повеќе, просечно една седмица!

Американскиот вирусолог Џејмс Роб е еден од првите научници кои работел со коронавирусите, а ги изучувал уште во раните 70-ти години од минатиот век.

Оттогаш тој будно го следни развојот на коронавирусите и нивната мутација за пренесување од животни на луѓе.

Тој во виралното писмо до своите колеги им опишал седум начини за заштита од инфекцијата, а исто така, навел и четири работи кои секоја земја мора да ги има во залиха. Според Роб, ова се седумте клучни начини за заштита:

Не се ракувајте со луѓето во знак на поздравување. Наместо тоа, користете позрав со допир на лактот, тупаница или со мал поклон, кимнување на главата.

Користете ги зглобовите на прстите кога повикувате лифт или кога палите светло во јавни простории.

Научникот исто така, предлага, за други потреби да се користат ракавици или марамчиња за една употреба (како на пример, кога го држите цревото на пумпа за да наполните гориво).

Вратите во јавните тоалети отворајте ги со затворена тупаницаили со помош на нога.
Роб нагласува дека кваките од јавните тоалети мора да ги фатите само доколку не постои ниеден друг начин како да ја отворите вратата.

Кога одите да пазарите во продавница, користете средства за дезинфекција. Вирусологот советува, корпите и останати предмети со кои доаѓате во контакт прво да ги дезинфицирате.

Рацете перете ги со сапун околу 20 секунди или дезинфицирајте ги со средство во кое има најмалку 60% алкохол.

Роб нагласува дека ова реба да го правите секојпат кога ќе се вратите од места каде сте биле во контакт со други луѓе и после секоја активност надвор.

Чувајте дезинфекционо средство на влезот во вашиот стан или куќа. Вакво средство треба да имате и во вашиот автомобил.

Кашлајте и кувајте еднократно во марамче или во својот лакт. Вирусологот предупредува дека и облеката која сте ја носеле може да ги пренесува вирусите до седум дена!

Џејмс Роб исто така, наведува кои средства мора да ги имате во борбата против заразата:

РАКАВИЦИ за еднократна употреба од латекс или нитрил од латекс кои се користат при пазарење, користење на бензиска пумпа и сите останати активности надвор кога ќе дојдете во контакт со контаминирани подрачја.

Напомена: Овој вирус се шири во влажни капки кои се исфрлаат од заразениот преку кивање и кашлање. Но, тоа не значи дека ќе ве зарази воздухот! Но, сите површини на кои ќе паднат овие капки, претставуваат извор на зараза од два дена и повеќе, просечно една седмица!

Сè што е поврзано со заразените луѓе ќе биде контаминирано и потенцијално заразно. Вирусот се наоѓа на површините и нема да се заразите доколку вашето незаштитено лице не е директно натопено со заразени капки.

Овој вирус има само рецептори за поврзување со белодробните клетки (ги инфицира само белите дробови). Единствен начин за да се инфицирате, е вирусот да навлезе преку нос или уста, директно преку вашите раце.

Еднократните хируршки МАСКИ се користат за да се спречите себеси да ги допирате носот или устата.

Просечно лицето, поточно устата и носот си ги допираме 90 пати дневно, а притоа не сме свесни. Тоа е еднинствениот начин преку кој може вирусот да ве зарази. Маската нема да го спречи вирусот при директно кивање, но ќе ве спречи вас да не се допирате.

Средства за дезинфекција на рацете мора да бидат на база на алкохол најмалку 60% за да бидат ефикасни.

Набавете си пастили (дражеи/бонбони) на база на ЦИНК, бидејќи докажано е дека тие го спречуваат размножувањето на коронавирусот (и повеќето други вируси) во вашето грло и назофаринксот.

Користете ги повеќепати во текот на денот, кога ќе започнете да чувствувате било каков симптом на настинка. Најдобро е да легнете и да ја оставите пастилата постепено да се растопува во вашата уста.

-Јас, како и многумина други мои колеги, се надевам дека оваа пандемија ќе биде задржана разумно, но за жал, лично сметам дека нема да се спречи ширењето.

Луѓето никогаш порано не го искусиле овој вирус и немаат внатрешна одбрана од него. Се вложуваат огромни напори во светот за да се разбере молекуларната и клиничката вирологија на овој вирус.

Постигнато е неверојатно молекуларно знаење во геномиката, структурата и вируленцијата на овој вирус. Но, оваа година нема да имаме достапни лекови или вакцини кои ќе нè заштитат или ќе ја ограничат инфекцијата – заклучува Џејмс Роб.

Обработи: И.П.

Претходна статијаМи вика вака – е заради компирчињата и пржените лепчиња ја оставив жена ми и дојдов кај тебе
Следна статија(ФОТО) Жители од струмичко: За да стигнеме на работа или на училиште ќе треба да прелетуваме