Нашиот најпознат доктор епидемиолог вели: За жал, Корона мутира, но за среќа, мутантот е помалку агресивен

0

Еден од нашите најпознати епидемиолози, поранешниот Министер за здравство и професор на Медицинскиот факултет д-р Драган Даниловски, во изјава за Нова Македонија, информира за најновите сознанија во врска со Ковид-19, популарно Коронавирусот:

-За вирусите е својствено во нивниот геном периодично да настануваат помали или поголеми мутации, кои се во функција на зголемување на нивната моќ да опфатат колку што е можно повеќе домаќини (хумани или анимални). Со климатските промени и нарушувањето на еколошката рамнотежа, веројатно, може да се очекуваат почести мутации на вирусите и во иднина.

Во случајот со САРС-КоВ-2, предизвикувачот на актуелното заболување ковид-19, всушност се работи за мутиран причинител на САРС (САРС-КоВ-1), респираторно заболување, кое меѓу ноември 2002 и јули 2003 година се јави во епидемиска форма во јужна Кина и Хонгконг.

Тогаш заболеа 8.098 лица, а починаа 774 или 9,6 отсто. Меѓутоа, КоВ-2 има 1.000 пати поголем потенцијал да ги инфицира клетките од КоВ-1, а од друга страна, се распространува лесно и брзо како вирусот на сезонскиот грип и предизвикува помалку смртоносна болест од САРС, што му обезбедува многу висок епидемиски потенцијал.

Најнова информација е дека кинеските научници откриле дека вирусот мутирал во нов сој (најден кај 30 отсто од испитуваната група пациенти), помалку агресивен од оригиналниот, а оригиналниот, поагресивниот, бил најден кај 70 отсто од нив.

Ова покажува дека не е точно досегашното мислење дека вирусот е генетски стабилен!

Се смета дека новиот (помалку агресивниот) сој во моментов доминантно се распространува низ светот (и предизвикува асимптоматски инфекции или со лесни симптоми, со застапеност до 80 отсто), иако „оригиналот“ (поагресивниот) си циркулира и понатаму во помала мера (и предизвикува инфекции со тешка и многу тешка клиничка слика, со застапеност од околу 20 отсто).

Сега веќе може да се објаснат и случаите на наводна повторна инфекција со истиот вирус. Всушност, се работи за последователни инфекции со два различни вируси (два соја на вирусот КоВ-2)0.

Елемент што ја објаснува високата агресивност (вируленција) на оригиналниот вид на вирусот КоВ-2 е фактот што, за разлика од неговиот претходник САРС-КоВ-1, оригиналниот КоВ-2 се врзува за истиот ензим (фурин) во мембраните на хуманите клетки, на кој се врзуваат и вирусите на ебола и ХИВ.

Во неговиот геном, професорот Руан Јишоу и неговиот тим од универзитетот „Нанкаи“, нашле гени што воопшто не постојат во САРС-КоВ-1, но ги има во ХИВ и вирусот на ебола! Токму тоа и загрижува и внесува доза неизвесност околу прогнозата на неговото поведение.

Целиот текст прочитајте го на Нова Македонија

Претходна статијаТамара Тодевска: Ќе бидам горда на Северна пред Македонија, но под еден услов
Следна статија(ФОТО) Свадба е голема: Многу познати гости на веселбата кај Љупчо Николовски